Благоја Попов (19 октомври 1920, Кочани - 13 април 1992, Скопје) — македонски политичар и државник.

Животопис Бил учесник во народноослободителното движење, член на КПЈ и секретар на МК на КПЈ во Кочани. Издржувал казна во Затворот „Идризово“.

По ослободувањето станал партиски секретар во Кочани, Штип и Струмица, претседател на Собранието на Скопје во периодот 1963 - 1972 г., член на Сојузниот извршен совет, член и претседател на Извршниот совет на СРМ и член на Претседателството на СРМ. Носител е на „Партизанска споменица 1941“.

Благој Попов починал на 13 април 1992 г. во Скопје.

Поврзано СРМ

Наводи

Категорија:Југословенски политичари Категорија:Градоначалници на Град Скопје Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Политичари од Кочани