Маодо Ло (роден на 31 декември 1992 година) е германски кошаркар, плејмејкер на Олимпија Милано и на германската репрезентација.
Ло играл колеџ кошарка на Универзитетот Колумбија во Њујорк четири години во периодот 2012-2016. Се пријавил на НБА драфтот 2016, но откако не бил избран од ниту една екипа се вратил во својата родна Германија, каде потпишал договор со Брозе Бамберг. За таа екипа играл до 2018 година, кога преминал во Бајерн Минхен, две години подоцна потпишал за Алба Берлин.
За германската репрезентација настапува од 2014 година, а досега учествувал на две Европски (2015 и 2017) и едно Светско првенство (2019).
Биографија Ло е роден во Берлин во 1992 година како син на татко сенегалец и мајка Елвира Бах - меѓународно призната германска сликарка.
Колеџ кариера Ло играл колеџ кошарка на Универзитетот Колумбија во Ајви лигата. Наречен Претседателот од обожавателите на Колумбија, Ло имал просек од 14,5 поени по натпревар во текот на неговата четиригодишна колеџ кариера. Во 2016 година, тој ја предводел Колумбија до титулата на CIT турнирот каде бил избран и за најкорисен играч на турнирот.
Професионална кариера НБА Откако не бил избран на НБА драфтот 2016, Ло се приклучил на екипата на Филаделфија 76ерс во нивниот тим за летната лига.
Брозе Бамберг (2016–2018) На 22 јули 2016 година, Ло потпишал договор со германската екипа Брозе Бамберг.Brose Baskets add Lo to their roster Во неговата прва сезона со Бамберг, Ло освоил двојна круна: германското првенство и Купот на Германија. Ло играл и во Евролигата, каде просечно бележел 5,3 поени и 1,2 асистенции за 10,5 минути по натпревар.EuroLeague statistics
Во неговата втора сезона со Брозе, тимот завршил 4-ти во регуларниот дел од сезоната. Во полуфиналето Бамберг бил елиминиран од Бајерн Минхен.
Бајерн Минхен (2018–2020) На 13 јули 2018, Ло потпишал двегодишен договор со Бајерн Минхен. Со баварците освоил уште една титула во германското првенство во сезоната 2018-2019.
Алба Берлин (2020–) На 22 јули 2020, потпишал со Алба Берлин. Во сезоната 2020-2021, ја освоил својата трета титула во кариерата во германското првенство со трета различна екипа, придонесувајќи со 9,2 поени, 1,9 скока и 3,6 асистенции.
Репрезентативна кариера Ло е репрезентативец на Германија од 2014 година.
Бил избран да учествува на Европското првенство 2015 каде имал просек од 4,6 поени, 1,2 скокови и 1,4 асистенции по натпревар.
Четири години подоцна, учествувал на Светското првенство 2019 каде имал просек од 6 поени, 2,8 скокови и 3,2 асистенции по натпревар.
Титули и награди Клупски Брозе Баскет Германско првенство : 1 2016-2017 Куп на Германија : 1 2017
Бајерн Минхен Германско првенство : 1 2018-2019
Алба Берлин Германско првенство : 1 2020-2021
Наводи
Надворешни врски Маодо Ло на Basketball-reference.com, Sports Reference LLC. Маодо Ло на realgm.com, RealGM LLC. Маодо Ло на Eurobasket.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски кошаркари Категорија:Играчи на Брозе Бамберг Категорија:Играчи на КК Бајерн Минхен Категорија:Играчи на КК Алба Берлин Категорија:Родени во 1992 година