Среќко Богоевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се занимавал со земјоделство. Во почетокот на 1943 година партиската организција од Вратничко го вклучила во движењето. Во септември истата година го напуштил селото, зел пушка в раце и му се приклучил на Шарскиот одред. Како храбар борец бил упатен во состав на една десетина, да воспостави врска со други партизани. Така дошло до средба меѓу шарпланинските и кумановските партизани на Скопска Црна Гора. Потем се вратил на Шар Планина. Во меѓувреме, Вториот шарски одред бил разбиен. За тоа останал на својот терен како илегалец. Откако забележал дека е провален, го напуштил селото. Во едно ново судирање меѓу партизаните и бугарските фашистички полициски единици, бил заробен и на 30 април 1944 година бил стрелан.
Поврзано Стрелани во втората провала (април, 1944 година) од страна на бугарската полиција биле ѝ:
Трипун Димитровски Петар Богоевски Трајко Кочовски Трајан Милошевски Атанас Крстевски Саве Серафимовски Милан Стаматовски Коце Трпчевски
Наводи
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ