Хексокиназа е ензим кој врши фосфорилација на хексозите, при што се формира хексоза фосфат. Кај повеќето организми, гликозата е најважниот супстрат за хексокиназите, а гликоза-6-фосфат е најважниот производ. Хексокиназата има способност за трансфер на неорганска фосфатна група од ATP на супстратот.
Хексокиназата не треба да се поистоветува со гликокиназата, која е специфична изоформа на хексокиназа. Сите хексокинази се способни да фосфорилираат неколку различни хексози, но гликокиназата има 50 пати помал афинитет за другите супстрати и нејзин главен супстрат е гликозата.
Наводи
Категорија:Гликолиза Категорија:Повеќефункционални белковини Категорија:Гени на хромозомот 2 Категорија:Гени на хромозомот 5 Категорија:Гени на хромозомот 10