„Ванчо Прке“ — средно училиште во Виница, Општина Виница.

Основање и развој

Основата за постоење и функционирањето на училиштето е образовање и образување на млади кадри за нивно успешно вклопување во современото општество.Преку создавање на училишна клима во која ученикот ќе може успешно да се справи со предизвиците на новото време.

Појдовната точка на секоја воспитно-образовна институција е вербата во способностите на колегиумот ,сигурноста во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образовниот процес.Образованието и воспитувањето на младите, денес е основен императив за секој наставник во СОУ,,Ванчо Прке“-Виница,а главниот примат е создавање на ученици коишто ќе бидат подготвени да одговорат на предизвиците на новото време.

Насочени сме кон подобрување на квалитетот на наставата, осовременувањето на материјално-техничките средства, подобрување на функционалноста на училишната зграда, сè со цел да обезбедиме здрава и позитивна средина за нашите ученици, да создадеме модерна воспитно-образовна институција со која ќе се гордеат уште многу генерации.

На 5 септември 1963 година официјално започнува со работа Гимназијата ,, Ванчо Прке ,, со 175 ученици. Гимназијата започнува со работа во новоизградена зграда, со 5 училници и два опремени кабинети, со настава организирана во 2 смени.Наставата ја реализирал наставнички колегиум од образован просветен када. Во понатамошното работење на Гимназијата, значајно место одбележува учебната 1974 / 75 година, кога во склоп на Гимназијата започнуваат со работа металско-машински паралелки. Тогаш училиштето се преименува од Гимназија ,, Ванчо Прке ,,, во Гимназија со металско-машински паралелки. Поради големиот интерес на учениците подоцна се верифицираат нови образовни профили во металско- машинската струка и тоа: машинобравари, заварувачи, монтери на централно греење, металостругари, водоинсталатери.

Во септември 1982 година, системот на средно образование во нашата земја доживува значајни промени. Така за првпат во училиштето, учениците од прва година започнале да ја следат наставата од заеднички образовни основи. Тогаш се воведува педгошка струка како дел од гимназиското образование.

Во учебната 1984 / 85 година стартува со работа уште една наставна програма од стручното образование – текстилната струка.

Следната,1985/86 година, Гимназијата со металско- машински паралелки, формално го променува називот во Училиште за средно образование ,, Ванчо Прке ,, ( УСО ,, Ванчо Прке ,, ).

Следните учебни години бележат значаен раст во однос на зголемувањето на бројот на учениците и паралеките. Паралелно со тоа се зголемува и бројот на вработените како во наставниот кадар, така и во административниот-техничкиот персонал. Постојаните стручни усовршувања на колективот добиваат во својот растеж, а истовремено растат и успесите и напредувањата на учениците во и надвор од училишната средина.Овие согледувања се поткрепени со фактот дека во контекст на училиштето активно работат повеќе секции,какви што се, музичката,хорот на училиштето,литературната дружина,рецитаторската секција,извидничкиот клуб,стрелачката секција, биолошката, историската, хемиската, географската ,спортскиот клуб и слично.Восхит заслужуваат учествата на учениците на организираните општински,регионални , државни и меѓународни натпревари. Достоинственото претставување на училиштето се остварува на локално ниво, но и пошироко. Од учебната 1997/98г., со објаснување дека се воведува нова мрежа на стручните училишта, Министерството за образование и наука не го стопира уписот на ученици во прва година во машинската струка. Последната генерација на ученици завршува 2000 г.Но, во 2009година е покрената повторна иницијатива за реактивирање на машинската струка која вроди со плод. Во учебната 2010/11г. со запишувањето на една паралелка со 30 ученика за профилот машински техничар,успешно е реактивирана машинската струка. Изминатите педесет години за училиштето значат комплетна и континуирана работа во наставниот процес,како на образовно,така и на воспитно ниво. Учениците, нивните успеси и постигнувања, се нашите најголеми репрезенти. Тие претставуваат огледало на половина век од постоењето на нашето СОУ,,Ванчо Прке``.

Визија на училиштето

Да создадеме од нашето училиште безбедна,современа и висококвалитетна образовна институција која ќе ги поттикнува и негува животните вештини,интегрирајќи ги еколошките вредности , ќе ги оспособи учениците кон практична примена на нивните знаења и нивно успешно интегрирање во практиката и во демократското општество.

Мисија на училиштето

Нашето училиште,отворено за секој ученик кој сака да ги развива поединечните способности и афинитети,училиште отворено за постигнување високи квалитети,создавање одговорност,позитивна работна клима и трајни човечки вредности.

Овозможуваме поединечен,професионален и емоционален развој на личноста,со истивремено вклучување во практиката со можност за креативна прилагодливост на предизвиците на новото време.

Зелено знаме

Четвртиот по ред ЕКО-САМИТ се одржа на 21.02.2013 година во Охрид во хотел „Белведере“ во организација на „Здружението за едукација, комуникација и консалтинг“-ОХО и во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија, а како дел од реализацијата на Програмата„Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

На овој самит официјално беа прогласени наградените еко-градинки и еко-училишта кои постигнале високи стандарди во имплементирањето на еколошки програми за едукација и управување со институциите во рамките на програмата „Како да се стане еко-училиште“ за учебната 2011/2012 година.По тој повод свечено беа доделени наградите Зелено знаме како највисоко достигнување на Програмата, како признанија за бронзено и сребрено ниво кои претставуваат меѓународен сертификат за исполнување на еко-стандарди во работата на училиштата.

СОУ„Ванчо Прке“-Виница го доби меѓународниот сертификат и зеленото знаме за извонредни достигнувања во едукацијата за одржлив развој и еколошки менаџмент и постојано подобрување на активностите од областа на заштитата на животната средина во училиштето и пошироката заедница.

Учество на натпревари Ниво на натпреварот 2006/07 Предмет Освоено место Наградени ученици и учесници Ментор Државен натпревар по македонски јазик Македонски јазик и литература Деветто место Марија Спасова од 2-5 кл. Славчо Лазаров Државен рецитаторски натпревар Македонски јазик и литература Трето место Љупчо Стоилов од 2-6 клас Анета Алексова Државен натпревар Социологија Второ место Лилјана Пушова од втора год. Васка Лазарова Државен натпревар Граѓанско образование Второ место Оливер Атанасов од 3 г. Македончо Георгиев Државен натпревар Историја Десетто место Александра Ристовска од 3 г. Toni Давитковски Државен натпревар Англиски јазик Второ место Митевска Моника од 2-6 кл Павлова Емилија Образовно рендеву Интервју за работа на англиски јазик Второ место Митевска Моника од 2-6 кл Павлова Емилија и Манчевска Радмила Ниво на натпреварот 2007/08 Предмет Освоено место Наградени ученици и учесници Ментор Меѓународен натпревар Германски јазик Прво место Тодорова Марија од 2 г. Сузана Бубинска Државен натпревар „Млади истражувачи“ Во областа на природните науки Прво место Илиева Марија 2 г. Јованова Елена 2 г. Сузана Трајкова Државен натпревар „Млади истражувачи Хемија Второ место Маринова Верица 2год Митрова Кристина 2 г Сузана Трајкова Државен натпревар „Млади истражувачи“ Во областа на природните науки Информатика Прво место Бубинска Марија од 2 г. Елизабета Стојилкова Државен натпревар „Млади истражувачи“ Во областа на природните науки Биологија Четврто место Павлова Наташа и Трајанова Симона од 2 г. Елида Ангелова и Царка Парцанска Државен натпревар Германски јазик Трето место Тодорова Марија од 2 г. Сузана Бубинска Државен натпревар Историја Четврто место Марија Спасова Тони Давитковски Државен натпревар Македонски ј.(рецитал) Четврто место Моника Петкова 3-1 кл. Славчо Лазаров Државен натпревар Социологија Четврто место Ива Цонева 2-1 Ивана Атанасова 3-1 Јадранка Атанасовска Државен натпревар Социологија Четврто место Александра Ангелова 4-4 Васка Лазарова Регионален натпревар Физика Прво место Благој Николов Цвета Алексова Регионален натпревар Физика Трето место Елена Јованова Сузана Николова Регионален натпревар Германски Прво место Тодорова Марија и Маринова Верица од 2-ра г. Сузана Бубинска Ниво на натпреварот 2008/09 Предмет Освоено место Наградени ученици и учесници Ментор Меѓународен натпревар за проза и поезија Германски јазик Прво место Тодорова Марија од 3 г. Сузана Бубинска Државен натпревар „Млади истражувачи“ Во областа на природните науки Прво место Михаил Трајков - 1-1 Митева Маре Државен натпревар „Млади истражувачи“ Хемија Трето место Андриана Ристова - 3-6 Павлина Анастасова Државен натпревар „Млади истражувачи“ Во областа на природните науки Прво место Павлова Наташа - 3 година. Елида Ангелова Државен натпревар „Млади истражувачи“ Биологија Четврто место Темелкова Зорица Ана Мари Чимева Елеонора Лазарова 1-5 кл. Ана Бојчевска1-5 кл. Царка Парцанска Државен натпревар Социологија Прво место Ива Цонева 3-4 Васка Лазарова Државен натпревар Социологија Второ место Благица Трајчевска 2-7 Јадранка Атанасовска Регионален натпревар Физика Прво место Благој Николов Цвета Алексова Регионален натпревар Физика Трето место Елена Јованова Сузана Николова Регионален натпревар Германски Прво место Тодорова Марија Маринова Верица од 2-ра г. Сузана Бубинска Ниво на натпреварот 2009/10 Предмет Освоено место Наградени ученици и учесници Ментор Државен натпревар „Млади истражувачи“ Гостивар Во областа на природните науки - Биологија 1 место Елеонора Лазарова 2-5 кл. Елида Ангелова Државен натпревар „Млади истражувачи“ Гостивар Во областа на природните науки - Биологија 4 место Ана Мари Чимева 2-1 кл. Елида Ангелова Државен натпревар „Млади истражувачи“ Гостивар Во областа на природните науки - Хемија 4 место Марија Ѓорѓиевска 3-5 кл. Павлина Анастасова Државен натпревар Куманово Социологија 2 место Јулија Лазарова 2-2 Васка Лазарова Државен натпревар Куманово Социологија 3 место Благица Трајчева 3-2 кл. Јадранка Атанасовска Државен натпревар Скопје Физика / Ивана Арсова и Даниела Гошева од 4-6 кл. Сузана Николова Државен натпревар Скопје Астрономија / Гоце Гаврилов и Александар Максимов од 3-4 кл. Цвета Алексова Ниво на натпреварот 2010/11 Предмет Освоено место Наградени ученици и учесници Ментор Државен натпревар Против Пожарен Сојуз на Македонија 10.12.2010,Куманово. Слободни ученички активности Второ место Лазарова Љупка3-1 Митевска Моника 3-1 Александра Филипова 3-1Анета Алексова Државен натпревар Мај,2011,Скопје Македонски јазик и литература / Шарлота Миланова 2-4 Тања Анакиева-Давитковска Државен натпревар 9 Март 2011, Скопје ПМФ Математика / Ангелина Анакиевска 2-5 Душка Димитрова Манасиева Државен натпревар,,Млади истражувачи``Велес Во областа на природните науки -Биологија Прво место Михаил Трајков 3-1 Венера Стојчева Државен натпревар,,Млади истражувачи`` Велес Во областа на природните науки -Биологија / Благој Алексов1-1 Елида Ангелова Државен натпревар,,Млади истражувачи`` Велес Во областа на природните науки -Биологија / Дејан Стојмиров Елида Ангелова Државен натпревар ,,Млади истражувачи``Велес Во областа на природните науки –Хемија /

/

/

/

/ Лусинда Андоновска2-3 Катерина Крстевска 2-3 Љупка Лазарова 3-1 Ана Манчевска 3-1 Александра Филипова 3-1