мини|Повратна орбита: месечина (црвено) како кружи во спротивна насока на главното тело (сино/црно).

Повратно движење (ретроградно движење) — орбитално или вртежно движење на едно тело во насока спротивна на вртењето на главно (средишно) тело. Ова може да опишува и други движења како прецесија или нутација на вртежната оска на едно тело. Напредното движење (проградно или директно движење) е повообичаено движење во иста насока како вртењето на главното тело. Меѓутоа, поимите можат да се однесуваат и на тела кои не се главни. Насоката на вртење се определува со инерцијален појдовен систем, како што се далечните неподвижни ѕвезди.

Во Сончевиот Систем, орбитите околу Сонце на сите планети и највеќето други тела, можеби освен кометите, се напредни, т.е. во иста насока како вртењето на Сонцето. Со исклучок на Венера и Уран, планетите исто така се вртат напредно. Највеќето месечини имаат напредни орбити околу нивните планети. Напредните месечини на Уран се вртат заедно со Уран, што е обратно од Сонцето. Речиси сите правилни месечини се плимно врзани и затоа се вртат напредно. Повратните месечини начелно се мали и оддалечени од нивните планети, со исклучок на Нептуновата месечина Тритон, која е голема и блиска. Се смета дека сите повратни месечини настанале одделно пред да бидат зафатени од нивните планети.

Највеќето нисконаклонети вештачки сателити на Земјата се ставени во напредна орбита бидејќи во таа ситуација е потребно помалку гориво за да ја достигнат орбитата.

Настанок на ѕвездени системи Кога настанува една галаксија или планетарен систем, материјалот добива облик на диск. Највеќето материјал кружи и се врти во една насока. Оваа складност на движењето се должи на распадот на гасовит облак. Природата на распадот се образложува со запазување на моментот на импулсот. Во 2010 г. откривањето на неколку врели јупитери со обратни орбити ги довело во прашање теориите за настанокот на планетарните системи. Појавата се објаснува со фактот што ѕвездите и нивните планети не се образуваат одделно, туку во ѕвездени јата кои содржат моелкуларни облаци. Кога еден протопланетарен диск ќе се судри со или преземе материјал од облак, тоа може да предизвика повратно движење на дискот и планетите произлезени од него.Ingo Thies, Pavel Kroupa, Simon P. Goodwin, Dimitris Stamatellos, Anthony P. Whitworth, "A natural formation scenario for misaligned and short-period eccentric extrasolar planets", 11 July 2011

Орбитални и вртежни параметри

Орбитален наклон Наклонот на едно небесно тело служи како показател за тоа дали орбитата на телото е напредна или повратна. Наклонот е аголот помеѓу неговата орбитална рамнина и друга споредбена рамнина како екваторската рамнина на главното тело. Во Сончевиот Систем, наклонот на планетите се изразува во однос на еклиптичката рамнина, која е рамнината на Земјината орбита околу Сонцето. Наклонот на месечините се изразува во однос на екваторот на планетата околу која кружат. Тело со наклон помеѓу 0 и 90 степени кружи или се врти во иста насока како вртењето на главното тело. Телото со наклон од точно 90 степени има нормална орбита која е ниту напредна, ниту повратна. Телата со наклон од 90 до 180 степени се во повратна орбита.

Осен наклон Осниот наклон на едно небесно тело покажува дали вртењето на телото е напредно или повратно. Ова е аголот помеѓу вртежната оска на телото во линија нормална на неговата орбитална рамнина која минува низ неговиот центар. Телото со осен наклон до 90 степени се врти во иста насока како главното тело. Она со осен наклон од точно 90 има нормално вртење кое не е ниту напредно ниту повратно. Телото со осен наклон од 90 до 180 степени се има насока на вртење обратна на неговата орбитална насока (насока на кружење). Без оглед на орбиталниот или осниот наклон, северниот пол на секоја планета или месечина во Сончевиот Систем се дефинира како полот во иста небесна полутопка како Земјиниот северен пол.

Тела од Сончевиот Систем Планети Сите осум планети во Сочевиот Систем кружат околу Сонцето во насока на неговото вртење, што е налево гледајќи над Сончевиот северен пол. Шест од нив се вртат околу своите оски во истата насока. Повратно се вртат Венера и Уран. Осниот наклон на Венера изнесува 177°, што значи дека се врти во речиси точно спротивна насока на нејзината орбита. Уран има осен наклон од 97,77°, така што енговата оска на вртење е приближно напоредна на рамнината на Сончевиот Систем. Причината за неговиот необичен наклон не се знае со сигурност, но се претпоставува дека за време на образувањето на системот, во Уран се има судрено протопланета со големина на Земјата, предизвикувајќи ја неговата искосена насоченост.

Во случајот на Венера, веројатноста е слаба дека отсекогаш го имала ова бавно повратно вртење, кое трае 243 дена. Веројатно почнала со брзо напредно вртење со период од неколку часа како другите планети во системот. Венера е доволно блиску до Сонцето за да подлегнала на значително плимно растурање, и има доволно дебела атмосфера за да настанат топлински придрижени атмосферски плими кои создаваат повратен момент на сила. Денешното бавно повратно вртење на Венера е во рамнотежа помеѓу гравитациските плими кои се обидуваат плимно да ја врзат со Сонцето и атмосферските плими кои ја вртат во повратна насока. Покрај одржувањето на нејзината денешна рамнотежа, плимите се доволно образложение за промените на Венериното вртење од првобитната напредна и брза насока до денешната бавна и повратна. Во минатото се нуделе разни алтернативни хипотези за обратното вртење на Венера, како судири или повратно вртење уште од самиот почеток.

Иако е поблиску до Сонцето од Венера, планетата Меркур не е плимно врзана со него бидејќи стапила во резонанција заврт-орбита 3:2 поради занесеноста на нејзината орбита. Напредното вртење на Меркур е доволно бавно што, поради занесеноста, неговата аголна орбитална брзина ја надминува аголната вртежна брзина близу перихел, предизвикувајќи привремена промена на Сончевото движење на Меркуровото небо. Вртењето на Земјата и Марс исто така е засегнато од плимни сили на Сонцето, но немаат достигнато рамнотежни состојби како Меркур и Венера бидејќи Сонцето е подалеку, и со тоа плимните сили се послаби. Гасовитите џинови во Сончевиот Систем се премногу масивни и предалеку од Сонцето за тоа да го забави нивното вртење.

Џуџести планети Сите познати џуџести планети и кандидати имаат напредни орбити околу Сонцето, но некои имаат повратно вртење. На пример, Плутон има повратно вртење; неговиот осен наклон изнесува околу 120 степени. Тој, и неговата месечина Харон се меѓусебно плимно врзани. Се смета дека овој месечински систем настанал со голем судир.

Месечини и прстени мини|десно|Портокаловата месечина е во повратна орбита. Ако се создаде во гравитациското поле на планета додека истата е во создавање, месечината ќе кружи околу планетата во иста насока како нејзиното вртење и е правилна месечина. Ако телото настане на некое друго место и подоцна биде зафатено во орбита од гравитацијата на планета, тоа може да биде зафатено во напредно или повратно движење, зависи од страната на приоѓање кон планетата. Ова е неправилна месечина.

Во Сончевиот Систем, многу од месечините со астероидна големина имаат повратни орбити, додека пак сите големи месечини освен Тритон (најголемата Нептунова месечина) имаат напредни. Се смета дека честичките во Фебиниот прстен на Сатурн имаат повратна орбита бидејќи потекнуваат од неправилната месечина Феба.

Сите повратни месечини во извесен степен подлежат на плимно забавување. Единственат амесечина во Сончевиот Систем кај која овој ефект е незанемарлив е Тритон. Сите други повратни месечини се на далечни орбити и плимните сили помеѓѓу нив и планетата се занемарливи.

во рамките на Хиловата сфера, подрачјето на стабилност за повратни орбити на големо растојание од главното тело е поголемо отколку за напредни. Се претполага дека ова е причината за застапеноста на повратни месечини околу Јупитер. Сепак, земајќи предвид дека Сатурн има порамномерна мешавина од повратни и напредни месечини, причините за ова се посложени.

Со исклучок на Хиперион, сите познати правилни планетарни месечини во Сончевиот Систем се плимно врзани за нивните планети, што значи дека имаат нула вртење во однос на нив, но истиот вид на вртење како нивните матични планети во однос на Сонцето бидејќи кружат во напредни орбити околу нив. Ова значи дека сите тие месечини имаат напредно движење во однос на Сонцето со исклучок на Урановите.

Во случај на судир, исфрлениот материјал може да отиде во било кој правец и да се соедини во облик на напредна или повратна месечина, што може да е случај со месечините на џуџестата планета Хаумеја, иако нејзината насока на вртење е непозната.Matija Ćuk, Darin Ragozzine, David Nesvorný, "On the Dynamics and Origin of Haumea's Moons", 12 August 2013

Астероиди Астероидите обично се движат во напредна орбита околу Сонцето. Познати се само неколку десетини примери кои се движат обратно.

Некои астероиди во повратни орбити може да бидат согорени комети, но некои може да се стекнале со повратната орбита поради гравитациски заемодејства со Јупитер.S. Greenstreet, B. Gladman, H. Ngo, M. Granvik, and S. Larson, "Production of Near-earth Asteroids on Retrograde Orbits", The Astrophysical Journal Letters, 749:L39 (5pp), 2012 April 20

Бидејќи се мали и доста оддалечени од Земјата, вртењето на највеќето астероиди е тешко да се одреди со телескопски. Во 2012 г. на располагање стоеле податоци за помалку од 200 астероиди, а различните начини за пронаоѓање на насоченоста на половите често даваат разидувачки наоди. Каталогот со вртежни вектори на астероидите во Познањската опсерваторија ги избегнува поимите како „повратно“ или „напредно“ движење бидејќи тоа зависи од користената појдовна рамнина, па затоа нивните координати се изразуваат во однос на еклиптичката рамнина наместо орбиталната рамнина на астероидот.Documentation for Asteroid Spin Vector Determinations

Астероидите со месечини (наречени двојни астероиди) сочинуваат околу 15 % од сите астероиди со пречник под 10 км во главниот појас и близуземското население, со што за највеќето се смета дека настанале со ЈОРП-ефектот кој предизвикува толку брзо вртење што астероидот се распарчува.Kevin J. Walsh, Derek C. Richardson & Patrick Michel, "Rotational breakup as the origin of small binary asteroids" , Nature, Vol. 454, 10 July 2008 Во 2012 г. сите астероидни месечини со познати вртежи кружат околу астероидите во истата насока на нивното вртење.N. M. Gaftonyuk, N. N. Gorkavyi, "Asteroids with satellites: Analysis of observational data", Solar System Research, May 2013, Volume 47, Issue 3, pp. 196–202

Највеќето тела во орбитална резонанција кружат во иста насока како телата со кои резонираат, иако пронајдени се неколку повратни астероиди во резонанција со Јупитер и Сатурн.

Комети Кометите од Ортовиот Облак имаат многу поголема веројатност да бидат повратни од астероидите. Халеевата Комета има повратна орбита околу Сонцето.

Тела од Кајперовиот Појас Највеќето тела од Кајперовиот Појас имаат напредни орбити околу Сонцето. Првото тело од појасот кај кое е утврдена обратна орбита е . Други тела од Кајперовиот Појас со повратни орбити се (471325) 2011 KT19, , и 2011 MM4. Сите овие орбити се високонаклонети, во опсег од 100° дод 125°.

Метеороиди Метеороидите во повратна орбита околу Сонцето удираат во Земјата со поголема релативна брзина отколку оние во напредна, најчесто согоруваат во атмосферата и упаѓаат во делот на Земјата кој не е осветлен од Сонцето (т.е. ноќе), додека пак напредните метеороиди ѝ приоѓаат на планетата побавно и почесто паѓаат на тлото како метеорити, и тоа на сончевата страна. Највеќето метеороиди се напредни.A

Орбитално движење на Сонцето Движењето на Сонцето околу тежиштето на Сончевиот Систем е усложнето поради растројувањето од други планети. На секои неколку века ова движење се префрла од напредно на повратно и обратно.

Планетарни атмосфери