На натпреварувањето во теквондо на Летните олимписки игри 2020 во Токио настапиле 128 теквондо борци кои се натпреварувале во осум тежински категории; четири за мажи и четири за жени.
Квалификации На натпреварувањето во теквондо на овие игри учествувале вкупно 128 спортисти, 64 во секој пол и 16 во секоја од осумте тежински категории. На секој Национален олимписки комитет (НОК) му било дозволено да учествува со по еден натпреварувач во секоја категорија (дисциплина), што резултирало со максимум од осум натпреварувачи, по четири од секој пол. Во секоја тежинска категорија биле достапни по пет места за изборување на квота преку олимписката ранг-листа на Светската теквондо федерација (СТФ), едно место во квотата било достапно преку СТ Гренд Слем шампионската серија, девет места за пополнување на квотата биле достапни преку квалификациски настани (два по континент, освен Океанија која имала еден), а места во квотата имало достапно и за земјата-домаќин (четири класи избрани од домаќинот, две по пол) или со покана од Трипартитната комисија (во преостанатите четири класи).Tokyo 2020 – WTF Taekwondo Qualification System
Доколку од еден НОК се квалификувале најмалку две жени или мажи спортисти преку рангирање, тогаш тој НОК не можел да учествува со свој спортисти на соодветниот континентален квалификациски турнир, освен ако не се откажал некој од местата добиени со пласман. Ова го вклучува и домаќинот, Јапонија, со своите автоматски квалификации по две жени и двајца мажи.
Распоред + Категорија↓/Дата → 24 јул 25 јул 26 јул 27 јул Мажи 58 кг Ф Мажи 68 кг Ф Мажи 80 кг Ф Мажи 80+ кг Ф Жени 49 кг Ф Жени 57 кг Ф Жени 67 кг Ф Жени +67 кг Ф
Натпреварувачи Натпреварувачи по категорија Тежина12 3 4 Мажи 16 17 16 16 Жени 17 17 16 16
Натпреварувачи по земја
Медали
Табела
Машки категории Flyweight (58 kg) Featherweight (68 kg) Welterweight (80 kg) Heavyweight (+80 kg)
Женски категории Flyweight (49 kg) Featherweight (57 kg) Welterweight (67 kg) Heavyweight (+67 kg)
Наводи
Теквондо на Летните олимписки игри 2020 Теквондо 2020