За други значења видете на појаснителната страница
СОУ „Кирил Пејчиновиќ“ (целосно име: Средно општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“) ― средно училиште во Тетово, Општина Тетово.
Основање и развој Гимназијата била создадена во 1909 година под името „Кирил Пејчиновиќ“. Возобновена била со одлука на Президиумот на АСНОМ од 3 ноември 1944 година, а службено со работа започнала во февруари 1945 година. По основањето го добила името Народна гимназија, потоа Полна гимназија, а во 1956 година, станала Виша гимназија.Архивски фондови и збирки, Скопје 2006, стр. 35 Од 1960 година, го носи името Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово.
Учество на натпревари 2001, Спасе Петкоски - прва награда во електромагнетизам и осцилации на државен натпревар по физика во Скопје 2001, Мирослав Китаноски - прва награда во електромагнетизам и осцилации на државен натпревар по физика во Скопје 2001, Горан Стојчески - трета награда во електромагнетизам и осцилации на државен натпревар по физика во Скопје 2024 , Милан Стефаноски - четврта награда по историја на државен натпревар во Скопје 2024 , Марко Мерџановски,Масимо Симовски,Милан Стефаноски,Мартин Ристовски и Лилјана Евческа- Прва награда на општински натпревар по математика за I година
Освоени награди
Познати личности кои учеле во ова училиште Саво Костовски (1925 - 1993) ― првоборец Драгана Чуприна ― модел Душица Илин ― поет и новинар Саво Костовски ― првоборец Алајдин Абази ― македонски академик Јусуф Реџепи ― познат македонски лекар и универзитетски професор Дејан Станојевиќ ― глумец Бљерим Сејдиу ― градоначалник на Општина Желино (2017-)
Познати личности кои предавале во ова училиште Мухамед Халили ― македонски политичар (француски јазик) Нестор Огинар ― македонски иселеник во САД, активист (англиски јазик)
Настани На 22 август 2007 биле украдени седум компјутери од гимназијата.Утрински весник - украдени седум компјутери од тетовската гимназија
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на училиштето Портал за основните и средните училишта во Македонија Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
Категорија:Општина Тетово Категорија:Средни училишта во Тетово Категорија:Средни училишта во Општина Тетово Категорија:Средни училишта во Македонија