„Коле Нехтенин“ — средно училиште во Штип, Општина Штип. Основање и развој Секојдневно растејќи низ својата 55 годишна историја, ДЕМУ „Коле Нехтенин“- Штип, денес има околу 800 ученици од електро-техничка, машинска и угостителско-туристичка струка, кои организирани во 28 паралелки од четиригодишно и тригодишно образование го изучуваат своето занимање, стекнуваат знаења, вештини и умеења во широка и пространа училишна зграда составена од 14 училници, 9 кабинети, спортска сала, машинска работилница и административни простории. Наставниот и останатиот персонал со своето знаење, искуство и пристапност во голема мерка даваат придонес за одвивање на квалитетна и успешна настава.

Образовни профили во рамките на електротехничката струка

Електротехничар - енергетичар - четиригодишно образование Електротехничар - електроничар - четиригодишно образование Електротехничар за автоматика и сметачка техника - четиригодишно образование Електромеханичар - тригодишно образование Електроинсталатер и монтер - тригодишно образование

Образовни профили во рамките на машинската струка

Машински техничар - четиригодишно образование Машински енергетски техничар - четиригодишно образование Автомеханичар - тригодишно образование Металостругар - тригодишно образование Машинист за термопостројки - тригодишно образование Инсталатер на водовод - тригодишно образование Машински механичар - тригодишно образование

Образовни профили во рамките на угостителско туристичката струка Келнер - готвач - тригодишно образование Учество на натпревари Прва меѓународна олимпијада по Мехатроника 2007 - Букурешт Втора меѓународна олимпијада по Мехатроника 2008 - Букурешт Трета меѓународна олимпијада по Мехатроника 2009 - Букурешт

Освоени награди Четврто место на првата олимпијада по мехатроника 2007 - Букурешт Трето место на втората олимпијада по мехатроника 2008 - Букурешт Второ место на третата олимпијада по мехатроника 2009 - Букурешт Прво место на четврта олимпијада (Југо-источна европа) по мехатроника 2010 - Пловдив, Бугарија

Познати личности кои учеле во ова училиште Трајков Зоран ,Генерација 1996/2000

Познати личности кои предавале во ова училиште Наводи

Надворешни врски http://kolenehtenin.edu.mk Мрежно место на училиштето Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука

Категорија:Општина Штип Категорија:Средни училишта во Штип Категорија:Средни училишта во Општина Штип Категорија:Средни училишта во Македонија