Манастирот — археолошко наоѓалиште во виничкото село Грљани. Претставува старохристијанска базилика. На 1 км источно од училиштето се гледаат остатоци од темели на градба со насоченост исток-запад и со апсида на источната страна. Се работи за еднокорабна црква, со четири простории од јужната страна, со приближни димензии од 38 × 20 м.
Поврзано Могилата — могила од римското време; Самовилец — градиште од доцноантичкото време; Грљани; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи