Богдан Николов Ангелов ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Израснал во тешки животни услови кои длабоко се одразиле во обликувањето на неговиот скромен карактер. Неговиот животен пат како земјоделец, бил исполнет со борба за одржување на скромен живот на своето осумчлено семејство. Во летото 1944 година се вклучил во единиците на НОВ, во Треттатa македонска народно-ослободителна ударна бригада. Во борбите на Црна Трава - Врањско, против бугарските фашистички војски, тој бил тешко ранет. Другарите соборци се обиделе да му помогнат, но тој подлегнал на здобиените рани во првите денови на месец септември 1944 година. Не ја дочекал саканата слобода за која се борел. Оставил зад себе шест деца. За смртта на Богдан, неговите најблиски дознале по цели три месеци.
Наводи
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ