Љубе Давитков Крстев ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Одраснал во сиромашно земјоделско семејство. По завршување на основното четиригодишно училиште им помагал на домашните во сточарските и земјоделските работи. Тешките економски услови во семејството го натерале да аргатува надвор од своето село. Со враќањето во родното место, каде често престојувале единиците на НОВ, тој станал нивен симпатизер. Учествувал во дејствијата за собирање храна, облека и други материјали потребни за партизаните. Заедно со група младинци од селото, на 15 септември 1944 година, тој стапил во редовите на Треттатa македонска ударна бригада. Како пушкомитралезец, уште во првите борби се истакнал како смел борец и бил поставен за десетар. По ослободувањето на Македонија, со бригадата заминал на Сремскиот фронт. Земал учество во борбите сè до Врпоље каде на 16 април 1945 година, со уште неколку борци од неговата десетина, тој загинал.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ