Андон Богатинов Младеновски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.
Животопис По занимање бил занаетчија-налбатин. Неговиот живот бил со многу тешкотии и искушенија. Одржувал врска со народноослободителната војска на Македонија, а неговата активност не останала незабележана од окупаторските власти. Бугарската полиција, во април 1943 година, го интернирала во Елхово, на територијата што е денес Бугарија, што кај него придонело уште повеќе да биде зголемена омразата кон окупаторот. По неговото враќање од интернација, останал четири месеци дома под надгледување на окупаторските власти и нивните помагачи. Во август 1944 година, тој му пристапил на Кратовскиот партизански одред (основан на 4 август 1944 година на кумановски терен). Подоцна, тој се борел во составот на Седумнаесеттатa македонска бригада, каде бил пример на решителност и лична храброст. Земал учество во сите борби за ослободување на Македонија и Гнилане, подоцна и на Сремскиот фронт, каде на 21 април 1945 година загинал.
Поврзано
Душко Младеновски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ