мини|„Пукај во пијанистот“ „Пукај во пијанистот“ (француски: Tirez sur le pianiste) — француски филм од 1960 година, во режија на Франсоа Трифо, кој е автор и на сценариото, заедно со Марсел Муси. Главните улоги ги играат: Шарл Азнавур, Мари Дибоа, Никол Бергер, Мишел Мерсие, Серж Даври, Албер Реми и Даниел Буланже.IMBd, Shoot the Piano Player (пристапено на 10.8.2021)
Синопсис Едуар Саројан (го игра Азнавур) е познат пијанист од Париз. Во еден разговор, неговата сопруга Тереза (ја игра Бергер) му кажува дека неговата слава се должи на нејзината љубовна врска со неговиот менаџер. Едуар го напушта станот, но веднаш се враќа назад, а во меѓувреме Тереза извршува самоубиство. Тогаш, тој се откажува од свирењето и се вработува во еден бар каде работи под лажното име Шарли Колер. Келнерката Лена, која го знае неговото вистинско име, се вљубува во него и тие почнуваат љубовна врска. Во меѓувреме, неговите двајца браќа имаат проблеми со гангстерите, а последиците ги трпи и Шарли. Откако сопственикот на барот (го игра Даври) им дава на гангстерите информации за Шарли, тој оди во барот и по кратка расправа го убива сопственикот, а потоа, заедно со Лена бегаат надвор од градот. Истовремено, ганстерите го киднапираат малиот Фидо, синот на Шарли. Шарли и Лена заминуваат во една планинска куќа во која се кријат неговите браќа, но таму доаѓаат и гангстерите. Фидо успева да им побегне, но гангстерите ја убиваат Лена. По престрелката со нив, Шарли и браќата успеваат да побегнат, но гангстерите ги бркаат.
Наводи
Категорија:Филмови од 1960 година Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови на Франсоа Трифо Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Филмови со Албер Реми Категорија:Филмови со Серж Даври Категорија:Филмови со Шарл Азнавур Категорија:Филмови со Мари Дибоа Категорија:Филмови со Никол Бергер Категорија:Филмови со Мишел Мерсие Категорија:Филмови со Даниел Буланже Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Париз Категорија:Филмови засновани на романи