Ова е список на крајните точки на Македонија, односно месностите кои лежат најисточно, најзападно, најсеверно и најјужно, како и над под секоја друга точка во земјата.

Ова се однесува на тековната македонска држава; крајните точки на цела историско-географска Македонија се поинакви во сите правци, особено на југ и исток.

Просторни крајности

Најсеверна точка: врвот Аниште во атарот на с. Луке, Општина Крива Паланка Најјужна точка: крејбрежната месност Маркова Нога на Преспанското Езеро во атарот на с. Долно Дупени, Општина Ресен Најисточна точка: врвот Иваново Брдо на Малешевските Планини во атарот на с. Спиково, Општина Пехчево. Најзападна точка: возвишението Костенар на границата со Голо Брдо, Албанија. Сместено е над свијокот на Црн Дрим на атарската граница меѓу с. Коњари и Бомово, Општина Дебар

Висински крајности Највисока точка: Голем Кораб (2.764 м) на границата со Албанија, Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија Најниска точка: коритото на реката Вардар (44 м) кај с. Богородица на границата со Грција, Општина Гевгелија, југоисточна Македонија

Средиште Географското средиште на денешна Македонија се наоѓа во месноста Длабок Дол () во атарот на с. Долно Врановци, Општина Велес.Крива Круша веќе не е срцето на Македонија

Наводи

Поврзано Граници на Македонија Географија на Македонија Релјеф на Македонија

Категорија:Географија на Македонија Македонија Категорија:Списоци за Македонија