Петрус Томас Ратајчик (4 јануари 1962 - 14 април 2010), познат професионално како Питер Стил, бил американски музичар, пејач и текстописец. Тој бил најпознат како главен вокал, басист и композитор на готик метал бендот Type O Negative. Пред да се формира Type O Negative, Стил ја создал метал групата Fallout и треш групата Carnivore.

Како фронтмен на Type O Negative, Стил бил познат по својот вампирски изглед, 2.03м раст, богат бас вокал, и темна, честопати самопонижувачка смисла за хумор. Неговите стихови се опишани како „често интензивно лични, кои се занимаваат со теми, вклучувајќи љубов, загуба и зависност“. Стил ги смета Блек Сабат и Битлси како негови клучни музички влијанија. Тој е наведен меѓу „66-те најдобри хард рок и метал фронтмени на сите времиња“ од Loudwire.

Ран живот Стил е роден на 4 јануари 1962 година, во Ред Хук, Бруклин, Њујорк, во католичко семејство, и посетувал средно училиште Едвард Р. Мароу, сместено во населбата Мидвуд во Бруклин. Неговиот татко бил од полско и руско потекло и мајка му од шкотско-ирско, норвешко и исландско потекло. Израснат е во населбите Бенсонхурст и Брајтон Бич во Бруклин. Стил бил најмладиот од шест деца, со пет постари сестри. Неговиот татко се борел во Втората светска војна а подоцна работел на бродоградилиште. Стил започнал да зема часови по гитара на 12 -годишна возраст, пред да продолжи со бас шест месеци подоцна.

Иако Стил природно бил левак, тој свирел на бас гитари за десна рака во текот на неговата кариера. Ова се случило кога еден од неговите најрани бендови, Aggression (исто така со Џош Силвер), за кој Стил свирел ритам гитара за лева рака, му се заканиле дека ќе го исфрлат доколку не се префрли на бас гитара. Бидејќи бас гитара за лева рака била премногу скапа во тоа време, Стил купил бас за десна рака и се научил да свири.

Стил работел во Одделот за паркови и рекреација во Њујорк сè додека не започнал турнеи со Type O Negative во летото 1994 година. Тој бил со седиште во шеталиштето Бруклин Хајтс, каде што неговата работа вклучувала одржување паркови, возење возила, вклучително и камиони за ѓубре а подоцна добил и унапредување во надзорник на паркот. Стил сметал дека неговите денови поминати работејќи во одделот за паркови биле меѓу неговите најсреќни.

Музичка кариера

Fallout и Carnivore (1979–1987) Во 1979 година, Стил го формирал хеви-метал бендот Fallout. Во 1982 година, по разделбата на Fallout, Стил го формирал треш метал бендот Carnivore. Со Carnivore, стиховите на Стил честопати биле остри, и се занимавале со религија, војна, раса и мизогинија. Carnivore го издале својот деби албум со исто име во 1985 година. Во 1986 година, Стил напишал стихови за неколку песни на вториот албум на хардкор панк групата Agnostic Front „Cause for Alarm“. Во 1987 година, Carnivore ја објавилe „Retaliation“, пред да се распаднат подоцна истата година.

Type O Negative лево|мини| Стил на настап во 2007г.|369x369px Формирање Стил го формирал бендот во 1989 година заедно со неговите пријатели од детството Џош Силвер, Кени Хики и Сал Абрускато (подоцна заменет со Џони Кели). Бендот првично го користел името „Repulsion“, но морале да го сменат во 1990 година поради правни проблеми со истоимениот американски грајндкор бренд. Тогаш бендот го користел името „Subzero". Стил имал тетоважа со знакот минус содржан во бројот 0, за кој првично имал намера да го претставува логото на бендот „Subzero". Откако открил дека друг бенд веќе го користи името „Subzero", и имајќи ја предвид неговата тетоважа, Стил излегол со името „Type O Negative“, откако слушнал радио реклама каде се барало дарување на крв од крвна група О (нулта) негативна. Кога Type O Negative потпишале со Roadrunner Records, Стил го потпишал својот договор за снимање со мешавина од регенератор за коса и чоколаден сируп помешан со боја за храна, спротивно на популарното верување дека тоа е негова крв и сперма.

Slow, Deep and Hard and The Origin of the Feces (1991–1992) Деби албумот на Type O Negative, Slow, Deep and Hard, бил објавен во 1991 година. Албумот ги вклучил треш елементите на Carnivore споени со дум метал. Стил ја напишал музиката во една ноќ откако раскинал со девојка, и тоа се одразило на лирските теми за кршење на срцето, фантазии за одмазда и размислување за самоубиство; нешто што Стил самиот се обидел: „На 15 октомври, 1989 година, си ги исеков вените. Се’ што можам да кажам е дека се заљубив во погрешна личност“.

Стил предизвикал некои контроверзи при турнејата низ Европа за поддршка на „Slow Deep and Hard“, благодарение на гласините за неговите социјални и политички ставови, при што некои критичари отишле дотаму што го нарекле симпатизер на нацистите, иако неговиот колега од групата, Џош Силвер, е Евреин. Стил сугерирал дека европскиот печат погрешно го разбрал неговиот хумор и дека неговиот сарказам понекогаш се губел во преводот при печатење.

Во 1992 година, Type O Negative го издале албумот "во живо" - „The Origin of the Feces“. Албумот вклучува фиктивна непријателска публика и евакуација на местото каде што наводно имало повик дека има бомба. Ова симулира дел од реалниот одговор што Стил и Type O Negative неодамна го добиле додека биле на турнеја во Европа. Оригиналната насловна страница на албумот имала слика од близу од анусот на Питер Стил.

Bloody Kisses, October Rust and World Coming Down (1993–2002) Во 1993 година, Type O Negative го издале својот албум кој ги прославил „Bloody Kisses“. Албумот се фокусирал првенствено на романса, љубов, секс и смрт. Песната „Black No.1“ и оддава почит на готската субкултура и е ода за поранешна готик девојката на Стил. Питер ги нападнал своите противници со песните „We Hate Everyone“ и „Kill All the White People“, кои директно се занимавале со гласините за расистичката идеологија на бендот и служеле да ги еродираат сите такви обвинувања. „Bloody Kisses“ на крајот го добиле платинестиот статус и го воспоставил Type O Negative како еден од највлијателните метал бендови.

Type O Negative го издале албумот „October Rust“ во 1996 година. Се одликувал со повеќеслоен и мелодичен звук од неговиот претходник, иако задржале слични лирски теми. Стил го напишал поголемиот дел од материјалот на October Rust додека патувал, иако некои замисли биле од музички идеи од раните тинејџерски години. Стил го дизајнирал Винландското знаме, кое за првпат се појавило на каверот на „October Rust“. Оттогаш се појавува на секое следно издание на бендот. Знамето опфаќа различни интереси на Стил, политички верувања и неговото наследство. Стил го базирал дизајнот на нордиско знаме што ги вклучува неговите омилени бои. Концептот на Винланд се споменува и во насловот на нумерата "The Glorious Liberation of the People's Technocratic Republic of Vinland by the Combined Forces of the United Territories of Europa". „My Girlfriend's Girlfriend“ е приказна за љубовна тројка што Стил ја засновал на неколку искуства од вистинскиот живот. Песната „Green Man“ имала две значења за Стил; напишана била за келтското олицетворение на природата и времето на Стил во одделот за паркови, кога малите деца го нарекле „Green Man“ поради зелената униформа што ја носел на работа. Воведот на песната вклучува примерок од камионот за ѓубре што некогаш го управувал Стил. Песната „Red Water (Christmas Mourning)“ е за смртта на неговиот татко. October Rust на крајот го добил златниот статус.

Стил се справувал со лични проблеми за време на снимањето и миксањето на „World Coming Down“ во 1999 година. Теми за злоупотреба на дрога и зависност се појавиле на албумот, особено на песната „White Slavery“. Смртта исто така се нашла во голема мера на албумот, а Стил жалел за загубата на најблиските на песните „Everyone I Love is Dead“ и „Everything Dies“. Стил го раскажал своето искуство со психијатриско лекување на песната „Who Will Save the Sane?“. Во „Pyretta Blaze“ Стил раскажува за својата сексуална фантазија која вклучува оган. Стил го забележал емоционалното оптоварување предизвикано од изведување песни од World Coming Down во живо. Во сет листите за емисии во живо, изведени од почетната турнеја за поддршка на „World Coming Down“, обично се прикажувале многу малку селекции од албумот.

Во 2000 година, Стил гостувал во песната „Just Say No To Love“ од „Iommi“, првиот соло албум на гитаристот на Блек Сабат, Тони Ајоми. Во 2001 година, Стил се појавил како гостин на песната "Cross the Line" од албумот на Biohazard, „Uncivilization“. Во 2002 година, тој гостувал на нумерата „Descent“ од албумот на Doro, „Fight“.

Life Is Killing Me and Dead Again (2003–2010) мини| Стил настапува во Берлин со Type O Negative, 2007 година|479x479px Type O Negative го објавиле албумот „Life Is Killing Me“ во 2003 година. Лирски, албумот се занимава со теми, вклучувајќи самосожалување, омраза, дрога, смрт и религија. На истоимената песна „Life Is Killing Me“ Стил ја нуди својата критика за медицинската професија. Песната „Nettie“ се фокусира околу мајката на Стил, додека „Todd's Ship Gods (Above All Things)“ е за неговиот татко. „The Dream is Dead“ се однесува на фактот што на Стил му е тешко да го прослави Денот на вљубените, бидејќи датумот се совпаѓа со годишнината од смртта на неговиот татко. Стил ја напишал песната „(We Were) Electrocute“ за „прекрасна“ поранешна девојка и како го привлекувале интересот на минувачите кога ќе излезеле заедно како двојка. Омилените женски телевизиски ликови на Стил се инспирација за песната „How Could She?“. „I Like Goils“ го истакнува вниманието што Стил го добил од хомосексуалците, поточно по неговата фотосесија за списанието „Playgirl“.

Во 2005 година, Type O Negative ги напуштил Roadrunner Records. Стил никогаш не бил задоволен од условите на договорот за снимање и го опишал како „тешка и неизбежна одговорност“. Стил тврдел дека разделбата на Type O Negative од Roadrunner Records, настрана од лошата понуда, имала врска со неовластено објавување на компилација „best of“. Стил останал во пријателски односи со вработените во Roadrunner Records и во октомври 2005 година се појавил на албумот „Roadrunner United“ за да помогне да се прослави 25 -годишнината од издавачката куќа.

Имало непотврдени гласини во еден момент за смртта на Стил, откако веб-страницата на бендот објавила слика од надгробен споменик со неговото име и датумот 1962-2005 година. Според написот од 14 мај 2005 година, Стил не бил мртов; шегата била поврзана со нивното ново потпишување со СПВ Рекордс. Веб-страницата ја симнала сликата од надгробната плоча во октомври 2005 година.

Во 2006 година, Стил повторно го активирал Carnivore со нова постава во која бил вклучен долгогодишниот соработник од Type O Negative, Пол Бенто. Бендот свирел на Вакенскиот фестивалr во 2006 година.

Стил го завршил своето последно снимање со Type O Negative со албумот „Dead Again“. Тој открил на Headbangers Ball на МТВ дека новиот сојуз со СПВ Рекордс била веројатно неговата омилена работа за „Dead Again“ од гледна точка на продукцијата. Стил сметал дека „Dead Again“ бил помалку меланхоличен и попозитивен во споредба со претходните албуми на бендот. Омотот на албумот го прикажува рускиот мистик Распутин, историска личност на која Стил се восхитувал. Насловната песна допира до злоупотреба на дрога и чувството на Стил дека убил дел од себе откако доживеал релапс. „Tripping a Blind Man“ е критика за тоа како се чувствувал Стил по неговото присилно хоспитализирање од страна на неговото семејство. „Halloween in Heaven“ е песна за мртви рок sвезди за чија креација Стил бил инспириран по смртта на неговиот близок пријател Дајмбег Дарел од Pantera. Последниот настап во живо на Стил бил на Ноќта на вештерките во концертниот театар Харпос во Детроит, Мичиген, последното шоу на турнејата Type O Negative во 2009 година.

Понатамошни појави

Playgirl