1873 Капетан Џек и другарите се обесени за нивното учество во војната Модок. 1918 Царот Борис III го презема бугарскиот престол 1929 Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е преименувано во Кралство Југославија, (Земја на Јужните Словени). 1932 Ирак добива независност од Британија. 1943 Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, одликите на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба. 1954 Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт. 1995 Врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот шофер Александар Спировски, а е повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. 1995 Франција, наспроти меѓународниот притисок против јадрени тестирања, изврши нова јадрена проба во јужниот Тихи Океан.
3 октомври