„Дамата од Шангај“ (англиски: The Lady From Shanghai) - американски филм од 1947 година, во режија на Орсон Велс (Orson Welles), кој е автор и на сценариото, засновано врз романот „Ако умрам пред да се разбудам“ (If I Die Before I Wake) на Шервуд Кинг (Sherwood King). Главните улоги ги толкуваат: Рита Хејворт (Rita Hayworth), Орсон Велс, Еверет Слоун (Everett Sloane), Глен Андерс (Glenn Anders) и Тед ди Корсија (Ted de Corsia). Филмот е одлично снимен, со импресивни експресионистички кадри и со одлична глума, така што се смета за ремек-дело кое ги воодушевува гледачите до ден-денес. И покрај поделените ставови на филмската критика, филмот доживеал бројни превреднувања кои сè повеќе му ја зголемувале вредноста.HRT, Dama iz Šangaja, američki film (пристапено на 17.2.2021) Оттука, во 2018 година, филмот бил сочуван во Националниот филмски регистер на САД како „културно, историски или естетски значаен“.
Синопсис мини|Постерот за филмот „Дамата од Шангај“ Ирскиот морнар Мајкл О'Хара (го игра Велс) е воодушевен од убавината на русокосата Елса Банистер (ја игра Хејворт) која случајно ја запознава една вечер, откако ја спасува од грабнувачите. Таа му признава дека е омажена за богатиот адвокат Артур (го игра Слоун)и дека само што пристигнале во Њујорк од Шангај. Така, таа го вработува на јахтата на нејзиниот сопруг, зашто таа и сопругот планираат да заминат за Сан Франциско преку Панамскиот канал. Патем им се придружува и деловниот соработник на Артур, Џорџ (го игра Андерс), кој на Мајкл му предлага да му помогне да ја одглуми сопствената смрт, а со цел да добие многу пари од животното осигурување. Најпрвин, Мајкл се колеба, но потоа се согласува при што потпишува изјава дека тој е убиецот. Меѓутоа, еден приватен детекив дознава за планот на Џорџ да го убие Артур, а за убиството да го намести Мајкл. Тој му се спротивставува на Џорџ, кој го убива детективот. Мајкл не знае за настанот и се среќава со Џорџ на морскиот брег при што пука во воздух, а Џорџ бега со моторен чамец. Во меѓувреме, непосредно пред да умре, детективот ја предупредува Елса за планот на Џорџ да го убие нејзиниот сопруг. Набргу доаѓа полицијата и Мајкл е уапсен. На судењето, него го брани Артур Банистер, кој дознава за врската на Елса со Мајкл и намерно дозволува да го осудат Мајкл, а тој кажува дека знае кој е вистинскиот убиец. Пред да биде зиречена пресудата, Мајкл успева да побегне и заедно со Елса се кријат во кинески театар и тогаш Мајкл сфаќа дека таа го убила Џорџ, но тогаш се онесвестува. Пријателите на Елса го носат Мајкл во празен салон за забава. Тој сфаќа дека Елса и Џорџ планирале да го убијат Артур, а за убиството да го наместат него, но потоа таа го убила Џорџ за да се заштити себеси. На крајот, во собата со огледала доаѓа до вооружена престрелка во која Елса е смртно ранета, а Артур е убиен. Мајкл ги игнорира повиците на Елса за помош и си заминува...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Филм ноар Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови поврзани со убиства Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови од 1947 година Категорија:Филмови на Орсон Велс Категорија:Филмови со Орсон Велс Категорија:Филмови со Рита Хејворт Категорија:Филмови со Еверет Слоун Категорија:Филмови со Глен Андерс Категорија:Филмови со Тед ди Корсија