Кале или Градиште — археолошко наоѓалиште во велешкото село Крива Круша. Претставува градиште од римското време. На 1,5 км северозападно од селото и на надморска височина од 900 м, на висок рид со зарамнето плато кое зафаќа површина од 0,6 хектари се гледаат ѕидови од бедем, а во внатрешноста ѕидови од помали градби. По површината се среќаваат делови од керамички садови и градежен материјал.

Поврзано Крива Круша; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи