Каменица — населба и некропола од доцноантичкото време во атарот на селото Рудник, Македонија. На 1 километар северно од селото, на пространа рамнина во селските ниви се среќаваат множество фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Како карактеристично за одбележување е присуството на многу згура од топено железо.

Поврзано Рудник; Гумења; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.

Наводи

Категорија:Рудник (Велешко)