Општина Цанкова () — општина во североисточна Словенија. Седиште на општината е селото Цанкова. Областа е дел од историскиот регион Прекмурје. Денес е дел од Помурскиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 1.734 жители.
Населени места Покрај општинското седиште Цанкова, општината ги опфаќа и следните населени места: Герлинци Горњи Чрнци Домајинци Коровци Крашчи Скаковци Тополовци
Историја Подрачјето на денешната општина првично било во состав на Градската општина Мурска Собота. Во 1995 г. е создадена Општина Цанкова-Тишина, која постоела сè до одвојувањето на Општина Тишина во 1999 година.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Цанкова на Geopedia
Цанкова Цанкова