Свети Димитриј — главна селска црква во демиркапиското село Драчевица.

Црквата се наоѓа јужно од селото, под возвишението Зајчар, кое преовладува во околината.

Местоположба

Црквата се наоѓа под возвишението Зајчар, кое е сместено јужно од селото.

Историја

Црквата била подигната во 1858 година, што е испишано на лакот од северниот влез во црквата. Била подигнато на старо вакавиште, каде биле ископани неколку грчки надгробни плочи.

Архитектура

Според својот архитектонски облик црквата е трикорабна со главен влез на северната страна.

Црквата е скоро напуштена поради отселување на луѓето во Демир Капија.

Фрескоживопис

Црквата била зографисана кон крајот на век, а нејзиниот живопис е обновен во 1927 година според сочуваниот натпис над северниот влез во црквата, кој гласи „Сеи храм обновисја 1927 г. III 26 зoграфи Димитриа и Георгиа браќа Андонови и наследници Андон Илиа из Дебар“.

Иконостас

Иконостасот го исполнуваат мноштво икони изработени во периодот од 1863 до 1866 година од зографот Григориј (Пецанович) од Струмица.

Галерија

Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Демиркаписка парохија Драчевица

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Драчевица (Демиркаписко) Драчевица