Дренско Езеро — вештачко езеро во близина на демиркапиското село Дрен, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.

Браната на езерото е подигната на Дренска Река.

Местоположба

мини|300п|десно|Насипната брана на езерото

Акумулацијата се наоѓа шест километри јужно од градот Демир Капија, во непосредна близина на Дрен. Од самото село е оддалечена 800 метри во југоисточна насока.

Браната е подигната на Дренска Река, која е притока на Дошница.

Опис Брана

Браната претставувала хомогена земјена брана без придружни објекти, но по нејзиното обновување била заменета со каменонасипна брана и бил изграден преливен објект.

Историја

Браната на езерото била подигната во 2000 година со средства на мештаните и донација од Грција.

Браната се срушила на 19 ноември 2004 година поради поројните дождови, кои ја зафатиле областа. По уривањето се изгубиле големи количества крап, со кој било порибено езерото.

Во 2016 година, браната на езерото била обновена.

Употреба

Езерото главно се користи за наводнување на земјоделските површини во околината на селата Дрен и Чифлик, но и за спортско-рекреативни цели.

Поврзано Дрен (Демиркаписко)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дрен (Демиркаписко) Категорија:Вештачки езера во Македонија