Општина Толмин () — општина во Горичкиот регион, западна Словенија. Областа е дел од историскиот регион Приморска. Во 2020 г. населението броело 11.003 жители. Најголемо населено место и општинско седиште е градот Толмин.

Населени места Покрај општинското седиште Толмин, општината ги опфаќа и следните населени места:

Бача кај Модреј Бача кај Подбрдо Буковски Врх Воларје Волчански Рути Волче Габрје Горења Требуша Горењи Лог Горски Врх Грант Грахово на Бача Грудница Дабер Долги Лаз Долења Требуша Доље Дробочник Забче Задлаз-Жабче Задлаз-Чадрг Закрај Затолмин Знојиле Идрија кај Бача Кал Камно Каналски Лом Клавже Кнежва Кнешке Равне Козаришче Козмерице Коритница Кук Лисец Логаршче Лоје Љубињ Модреј Модрејце Мост на Соча Облоке Петрово Брдо Печине Подбрдо Подмелец Поље Пољубињ Поникве Порезен Постаја Прапетно Брдо Прапетно Роче Рут Села кај Волче Села над Подмелец Селишче Селце Слап на Идријица Стопник Стржишче Темљине Толминске Равне Толмински Лом Тртник Худајужна Чадрг Чигињ Шентвишка Гора

Историја

Во стариот век подрачјето било населено од Илирите, а потоа освоено од Римјаните. Во VI век се доселиле и Словените, предците на денешните Словенци.

Во средниот век подрачјето било под управа на Патријаршиското Кнежевство Аквилеја (Фурланската патријаршија), сè до 1420 г. кога потпаднало под Венецијанската Република. Во 1514 г. е преземено од Хабсбурговците и дадено како лено на грофовското семејство Коронини-Кронберг. Средновековните документи сведочат за голем број востанија кои се провлекуваат низ вековите, доживувајќи го својот врв во селанската буна во 1713 г. Оваа буна започнала од Грофовијата Толмин и се проширила во Випавската Долина, висорамнината Крас и крајот Брда, па до северна Истра. Востанието било безмилосно задушено од царската војска, а неговите единаесет предводници биле обезглавени.

Во XVI век овој крај влегол во Грофовијата Горица и Градишка. За време на Првата светска војна Толмин служел како база за пробивот на Сочкиот фронт. На крајот од 1918 г. италијанската војска гп окупирала толминскиот крај, и од 1918 до 1943 г. (формално до 1947 г.) Толмин станал општина на покраината Гориција/Горица (под името Толмино), со исклучок на периодот од 1924 до 1927 г. кога Гориција била укината и ставена во покраината Удине. Од 1943 до 1945 г. подрачјето е заземено од германската воена управа (Оперативна зона Јадранско приморје). Во 1945 г. е ослободен од партизаните, па во 1947 г. е официјално припоен кон Југославија. Оттогаш до денес е дел од Словенја.

Географија Општинат аги опфаќа сливовите ма релоте Толминка и Задчашчица во најнискиот пристапнен дел на Националниот парк Триглав. Од особен интерес во сливот на Толминка е топлиот извор на крајот од патеката. Во околината има неколку впечатливи водопади како Бринта (104 м) и Грегорчичевиот Водопад (88 м), како и неколку помали водопади засолнети во кланците на потоците Мрзли Поток, Годича, Пшчак и Сопотница.

Наводи

Надворешни врски

Портал на Опшина Толмин

Толмин Толмин Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година