Саракина или Габер (, Γάβρος) — ниска планина во Костурско, Егејска Македонија.

Опис Планината е сместена во источниот дел на Костурско, над југоисточниот брег на Костурското Езеро и градот Костур. Се протега во правец север-југ, од селото Горенци на север до Богатско на југ. На запад се граничи со долината на Ѓоле, преку која е Рупишкото Поле на запад и планината Диминик на северозапад. На североисток има седло кое по Голема (1.182 м) и Мала Саракина (1.240 м) и долината на Лошничка Река или Порос (притока на Бистрица) ја одделува од планината Мурик.

Име Планината како целина нема име во ниеден извор, туку се нарекува по некои од врвовите. Георги Христов од Шкрапари целата планина ја нарекува Саракина по името врвот Саракина во нејзиниот источен дел. Лев Адамов од Горенци ја нарекува Габер, по името на врвот на северозападниот крај, југозападно над Горенци. На картата на австроунгарскиот генералштаб во планината се обележани врвовите Габер (Gaber) и Ежово (Ežovo). Никос Незис ја нарекува Корисос (Κορησός) по новото име на нејзиниот највисок врв, претходно наречен Ајдонакос (Αηδονάκος, 1383 м).

Планината е гола и карпеста. Карпите се доломитски варовници. До врвот се стасува од Горенци (на 730 м) за околу 3 часа или од Чуриловскиот манастир (на 1.030 м) за околу 2 часа.

Врвови Ова се врвовите на Саракина, подредени по висина: Име Грчки Висина(м) Местоположба Ајдонакос Αηδονάκος, Κορησός 1.383 јужно над Горенци Свети Илија Προφήτης Ηλίας, Βογατσικού Κορυφή, Βογατσικό 1.361 југоисточно над Богатско Гуфа Γκούφα, Κούφια 1.282 источно над Костараџа Цотра Τσότρα 1.260 југоисточно над Богатско Мала Саракина Μικρή Σαρακίνα 1.240 јужно од Милија, северозападно над Лошница Милија Μηλιά 1.235 јужно од Голема Саракина и северно од Мала Саракина Свети Илија Προφήτης Ηλίας 1.220 источно над Костараџа Пренија Πρενιά 1.210 североисточно над Костараџа Саракина Σαρακίνα, Μεγάλη Σαρακίνα 1.182 источно од Ајдонакос, јужно над Чуриловскиот манастир Пиргос Πύργος 1.170 југозападно над Богатско Чука Τσούκα, Κορυφή 1.166 западно над Лошница Скала Σκάλα 1.133 северно над Костараџа Ставрос Σταυρός 1.068 источно над Слимништа Габер Γάβρος 1.060 - 900 југозападно над Горенци Ѕорѕуло Τζόρτζουλο, Παλιόκαστρο 1.045 североисточно над Нова Костараџа и југозападно од Костараџа Микро Вуно Μικρό Βουνό 804 источно над Слимништа

Поврзано Мурик Чуриловски манастир Костурско Езеро

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Костур (општина) Категорија:Рупишта