Сугљани или Сувљани () — мала планина на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија. Висока е 867 м.

Опис Планината е сместена во североисточниот дел на Халкидичкиот Полуостров. Претставува округла ниска планина која на север се граничи со Рендинска Река и на југ е одделена со реките Мавролакос и Докос со планината Пијавица.

На картата на Кондогонис (1914) врвот е означен како Сувљани (Σουβλίανι), а на картите на Грчката военогеографска служба од 1927, 1936 и 1947 г. како Сугљани (Σουγλιάνι).

Карпите се сочинети од гнајсови и амфиболити. Рендинска Река е вклучена во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000.

Искачувањето до врвот трае 2 часа, поаѓајќи од селото Горно Ставрос (на 90 м).

Врвови Ова се врвовите на Сугљани, подредени по висина: Име Грчки Висина(м) Местоположба Сугљани Σουγλιάνι 867 Ј од Горно Ставрос, И од Моди Дристес Δρίστες, Πόρος 774 Ј од Горно Ставрос, И од Моди Сугљануди Σουγλιανούδι 746 ЈЗ од Горно Ставрос, СИ од Моди Колјани Κόλιανη 709 И од Моди Кизонерија Κιζονέρια 700 Свети Илија Προφήτης Ηλίας 665 ЈИ од Горно Ставрос Праматевтадес Πραματευτάδες 609 Ј од Горно Ставрос Горница СЗ од Варварски Колиби

Поврзано Пијавица (планина) Халкидик

Наводи

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Аристотел (општина) Категорија:Бешик