Гејл Елиот (родена 1966 година) е англиски моден дизајнер и поранешен модел.
Ран живот Елиот е родена во населбата Балхем во Лондон, Англија во 1966 година. Таа е мешавина од англо-индиски, англиски, ирски, италијански, португалски и шкотски националности.
Кариера
Мода Елиот започнала да се занимава со мода кога имала 17 години, по предлог на нејзиниот професор по балет. Се преселила во Токио, Јапонија, каде работела како модел две години, по што се преселила во Њујорк. Со текот на годините, Елиот работела како модел за некои од најголемите светски модни брендови како Versace, Valentino, Armani, Ralph Lauren, Карл Лагерфелд, Келвин Клајн, Dolce & Gabbana, Марк Џејкобс, Chanel, Том Форд и Дона Каран. Елиот работела со фотографи како Стивен Мејсел и Марио Тестино. Нејзината манекенска кариера траела 24 години.
Little Joe Woman Елиот се впуштила во моден дизајн, почнувајќи со модна куќа за облека со нејзиниот сопруг Џо Кофи во 2002 година, која била наречена Little Joe Woman. Модната куќа била основана во Њујорк и потоа била со седиште префрлена во Сиднеј, Австралија. Седиштето на друштвото подоцна било префрлено во Бали, Индонезија. Сопругот на Елиот е извршен директор на брендот, додека Елиот е нејзиниот творечки директор. Брендот, кој е опишан како „рок-шик, луксузна модна линија“, првично нудела кратки лесни фустани и горни ноќници.
Личен живот За време на првото патување во Австралија, Елиот била запознаена со нејзиниот сега веќе сопруг Кофи кој бил пејач на INXS, од страна на Мајкл Хатченс, кој во тоа време бил момче на нејзината пријателка модел Хелена Кристенсен. Елиот и Кофи се венчале во 1997 година. Нејзината венчаница била дизајнирана од Азедин Алаја, додека Кристенсен, Синди Крафорд и Јасмин Ле Бон биле некои од нејзините деверуши.
Наводи
Категорија:Родени во 1966 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Британски манекенки Категорија:Британски модни дизајнери