Аце Евтов Настески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од селско сиромашно семејство. Бидејќи немал услови за опстанок во своето село, заминал на печалба во Белград. По окупацијата, тој не се вратил во своето село, туку активно продолжил да работи во Белград за потребите на народно ослободителното движење. Осомничен од окупаторските власти, бил затворен, но пред непријателот имал добро држење. По пуштањето од затвор, во пролетта 1944 година стапил во единиците на НОВ на тој терен. Во борбите за конечното ослободување на Југославија, тој учествувал на Сремскиот фронт, каде загинал при пробојот на фронтот кај Врпоље во април 1945 година.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ