Јаворнички Водопад () — мал водопад на Јаворничка Река, десна притока на Струмица. Сместен е на 770 м.н.в. на планината Беласица Лежи на 1,5 км јужно од село Јаворница во Петричко, Пиринска Македонија.

Од сретселото се оди до водопадот по обележана патека наречена „Пеперутките и цвеќињата на Беласица“ (Пеперудите и цветята на Беласица). По неа има четири информативни табли: „Животниот циклус кај пеперутките“, „Пеперутките и цвеќињата на Беласица по отворените места“, „Пеперутките и цвеќињата на Беласица во грмушките“, „Пеперутките и цвеќињата на Беласица во шумата“.изворно: „Жизненият цикъл при пеперудите“, „Пеперудите и цветята на Беласица по откритите места“, „Пеперудите и цветята на Беласица в храсталаците“, „Пеперудите и цветята на Беласица в гората“ По излегувањето од селото се продолжува по козја патека. По крстопатот се продолжува напред и се пресекува поранешната ограда. Се продолжува по дрвено повче над реката и се оди напоредно на неа по каменлива патека. Малку пред тоа, меѓу чинарова шума се издига Јаворничкиот Водопад.

Слики

Поврзано Лешнички Водопад

Наводи

Надворешни врски

Водопадите на Беласица Јаворнички Водопад — лесна прошетка низ убавата природа на Беласица

Категорија:Водопади во Пиринска Македонија Категорија:Беласица Категорија:Општина Петрич