Трајче Ванчов Ристески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Основното училиште го завршил во своето село, но бидејќи потекнувал од бедно семејство, не продолжил да се школува. Се занимавал со земјоделие. Уште веднаш по окупацијата се определил за борба пpoтив окупаторот. Доста бил активен во селото, а во редовите на НОВ на Македонија, тој стапил во ноември 1944 година во Првата македонска бригада. Со бригадата, тој учествувал во завршните борби за ослободувањето на Македонија. Во составот на Петнаесетиот корпус учествувал на Сремскиот фронт. Загинал во близината на Загреб во борба против Германците и усташите, во мај 1945 година.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ