Гоцев Врв (; до 1942 г. Али Ботуш, од 1946 до 1951 г. Алиботуш; ) — највисокиот врв на планината Славјанка (Али Ботуш) на границата помеѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 2.212 м.
Местоположба Врвот се издига на главното планинско било на југозапад од Голем Царев Врв и на исток од врвот Шабран. На северозапад од Гоцев Врв се наоѓа големата карстна вдлабнатина наречена Сухото Езеро. Врвот е масивен, оцртан од југоисток со висока карпеста стрмнина Козјата Стена. Сочинет е главно од протерозојски мермери. Почвата е тенка кафеава шумска. Падините се обраснати со високопланинска тревна растителност. Се среќаваат многу ендемски растенија. По билото поминува државната граница меѓу Бугарија и Грција. Југоисточно од врвот стои граничната пирамида бр. 100.
Име До 1951 г. врвот го носел името Али Ботуш. Новото име му е дадено во чест на големиот македонски револуционер Гоце Делчев.
Туризам Гоцев Врв е вклучен во иницијативата „Освојувач на 10-те планински првенци“ на Бугарскиот турстички сојуз. Печат има во планинарските домови „Славјанка“ и „Извора“.
Искачување Главни приоди за искачување на врвот се планинарските домови „Славјанка“ (над с. Парил) и „Извора“ (над с. Петрово), како и селото Караќој во Драмско од егејска страна.
Поврзано Резерват Али Ботуш Голем Царев Врв Шабран
Наводи
Категорија:Врвови во Пиринска Македонија Категорија:Врвови во Егејска Македонија Категорија:Славјанка Категорија:Бугарско-грчка граница