Предел — планинско седло и превој меѓу планините Пирин на југ Рила на север во Општина Симитли и Општина Мехомија, Пиринска Македонија.

Превојот е долг 20 км, а седлото се наоѓа на надморска висина од е 1.140 м. Тој ја поврзува долината на реката Струма на запад со Разлошката Котлина на исток. Почнува североисточно од селото Градево, кај распатницата за Долно Осеново, на 531 м.н.в. и се насочува кон исток-југоисток, нагоре по долината на река Еловица (лева притока на Градевска Река од сливот на Струма). По 12,9 км превојот стасува до седлото на 1.140 м.н.в. и почнува да се спушта на исток по долината на реката Раблево (лева притока на Исток од сливот на Места). По 7,1 км западно од градот Мехомија (Разлог) се симнува во најзападниот дел на Разлошката Котлина и завршува на 890 м.н.в.

Во подрачјето на седлото се изградени преку десет одморишта кои нудат повеќе од 1.000 легла. Има скијачка патека наречена „Кулиното“, долга 1.300 м. Почнувајќи од 1965 г. во месноста се одржува фолклорниот фестивал „Пирин пее“ во кој се натпејуваат фолклорни групи од разни краишта. Предел има историско значење со тоа што тука во октомври 1878 г. започнало Македонското востание насочено против Берлинскиот конгрес.

Низ превојот и седлото минува делница на второкласниот Републички пат II-19 (од 12,5 до 32,5. км) Симитли – Банско – Неврокоп (Г. Делчев) – ГП „Либјахово - Везме“. Поради важното сообраќајната и стратешка важност на превојот, патот се одржува преку целата година. Во 2005 г. се направени поправки и проширување на патот поради зголемениот сообраќај кон одморалишното гратче Банско.

Поврзано Разлошка Котлина

Наводи

Надворешни врски Лист од карта K-34-83. Размер: 1:100 000

Категорија:Планински превои во Пиринска Македонија Категорија:Пирин Категорија:Рила Категорија:Општина Симитли Категорија:Општина Мехомија