Мицко Дејанов Станкоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис По завршувањето на основното училиште, поради тешките услови за живот, бил принуден да оди на печалба во Белград. По окупацијата, се вратил во своето родно село. Станал член на СКОЈ, а во текот на 1943 година и член на КПМ. Во есента 1943 година доброволно стапил во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата, тој учествувал во повеќе борби низ Кичевско, а потоа заминал за егејскиот дел на Македонија, во познатиот Февруарски поход. Во борбите на Богомила, се истакнал како доста храбар борец и бил поставен за командир на чета. По враќањето од егејскиот дел, учествувал во борбите за Дебрца, Локов и Малесијата, но во септември 1944 година, во една борба против балистите, бил смртно погоден кај Соколаната во Кичево.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ