Коце Јорданов Тодороски (во — 9 ноември,во ) — македонски комунистички партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. Еден од партизаните во Осмата велешка бригада којшто загинал при ослободувањето на Велес.

Животопис По завршувањето на основното училиште, бидејќи немал можност да го продолжи школувањето, останал да учи занает и станал чевлар. За време на окупацијата живеел и работел во Скопје. Како симпатизер на народно ослободителното движење, активно се вклучил во редовите на Народноослободителната војска на Македонија во летото 1944 година во Скопската бригада. Во борбите за ослободување на Велес, истакнувајќи знаме на градскиот часовник - Саат Кулата во Велес, бил смртно погоден во ноември 1944 година.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Луѓе од Кичево Категорија:Починати во Велес Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Македонски партизани Категорија:Жртви во битката за ослободувањето на Велес