Васо Ангелов (р. во Ваташа — ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Последни негови настапи се во „Седумка љубов или смрт“ во режија на Александар Малинков и „Госпоѓа Министерка“ во режија на Душко Наумовски.

Животопис Уште како ученик во основното училиште а подоцна и како средошколец се истакнувал со својот талент за глума. Во 1956 година станал член на Драмското студио при КУД "Кочо Рацин" во Скопје. Иако завршил средно трговско училиште, драмската уметност го привлекува повеќе од се друго. Во 1959 година станал член на Аматерскиот театар во Ваташа, а нешто подоцна во Кавадарци. Во 1963 година се вработил во Дом на култура во Кавадарци, најнапред како економ со задача да учествува како актер во драмските дела на Аматерскиот театар. Еден период Ангелов работел како раководител на Аматерскиот театар во Спомен домот 12 скоевци во Ваташа.

Во својата богата кариера како актер учествувал во повеќе од 100 театарски драмски дела, а играл во повеќе од 500 претстави. Васо Ангелов играл и во неколку телевизиски серии, а како режисер поставил неколку претстави. Како актер освоил прва награда на Републичките драмски смотри во Штип 1962 година. Има добиено диплома за најдобра улога на смотрите во Битола 1968 г., во Кочани 1976 г. , а во 1979 година има освоено награда за најдобра улога на Југословенските смотри за аматери во Ваљево. Во 2010 година Ангелов е добитник на наградата 7 септември на општина Кавадарци.

Последните негови настапи биле во „Седумка љубов или смрт“ во режија на Александар Малинков и „Госпоѓа Министерка“ во режија на Душко Наумовски.

Филмографија Ангелов има остварено бројни филмски улоги:

Година Филм Улога 1969 Републиката во пламен ТВ-филм 1970 А бре, Македонче ТВ-филм 1977 Пресуда ТВ-филм 1977 Малиот одред ТВ-филм 1979 Жена од малтер ТВ-филм Работник 1979 Наши години ТВ-серија Железничарот 1979 Курирот на Гоце ТВ-серија 1982 Илинден ТВ-серија Непокор 1982 Време на летала ТВ-филм 1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм 1984 Јуначко колено ТВ-серија Турски чауш 1985 Од зад грб ТВ-филм 1986 Солунски патрдии ТВ-серија Заптија 1986 Трговецот од Солун ТВ-филм Кочијашот 1989 Кога меракот пее ТВ-серија Таткото 1992 Македонски народни приказни ТВ-серија 1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм 1999 Каца ТВ-филм Падарот 2003 Митке-Коштан-Гркљан ТВ-филм Митке 2013 Тиквешко востание ТВ-серија 2014 Женски итроштини ТВ-филм

Наводи

Категорија:Родени во 1938 година Категорија:Глумци од Кавадарци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Југословенски глумци