Докозахексаеноинска киселина (ДХК) е омега-3 масна киселина; примарна структурна компонента на човечкиот мозок, церебралниот кортекс, кожата и мрежницата. Во физиолошката литература, го носи името 22:6(n-3). Може да се добие од алфа-линоленска киселина или директно од мајчино млеко, мрсни риби, рибино масло или масло од алги.
ДХК е карбоксилна киселина со ланец од 22 јаглеродни атоми (докоса- на старогрчки значи 22) и шест (хекса) двојни врски (ен); првата двојна (незаситена) врска се наоѓа на третиот јаглероден атом од омега крајот.The omega end is the one furthest from the carboxyl group. Позната е и како е цервонска киселина (од латинскиот збор cerebrum за „мозок“).
Присуството на докозахексаеноинската киселина кај рибите и повеќеклеточните организми е поради тоа што тие се хранат со фотосинтетички и хетеротрофни микроалги, а ја има во поголеми количини во организмите кои се повисоко во синџирот на исхрана. ДХК за комерцијални цели може да се екстрактира од некои видови микроалги.
Кај организмите кои не јадат алги кои содржат ДХК, ниту пак се хранат со животни кои содржат ДХК, присуството на ДХК се должи на внатрешното производство на алфа-линоленска киселина - пократка омега-3 масна киселина произведувана од растенија (а ја има и кај животински производи кои се хранат со вакви растенија). ДХК во мајчиното млеко е важна за развој на новороденчето. Жените произведуваат 15% ДХК од мажите.
ДХК е најзастапена масна киселина во фосфолипидите на мозокот и мрежницата на окото. Постојано се прават испитувања за потенцијалната улога и придобивки на ДХК во лечењето на различни болести, претежно насочени на нејзиниот механизам кај Алцхајмеровата болест и кардиоваскуларните заболувања.
Составна компонента на централниот нервен систем ДХК е најзастапена омега-3 масна киселина во мозокот и мрежницата. ДХК сочинува 40% од полинезаситените масни киселини во мозокот и 60% во мрежницата. Педесет проценти од клеточната мембрана на невроните е составена од ДХК.
Фосфатидилсеринот – кој содржи големи количини на ДХК – има улоги во нервната сигнализација и синтезата на невротрансмитерите а недостатокот на ДХК е поврзан со намалување на когнитивниот способност. Нивото на ДХК во мозочното ткиво е намалено кај луѓе со изразена депресија.
Метаболичка синтеза Луѓето ДХК ја внесуваат со исхраната или може во мали количини да се претвора од еикосапентаеноичната киселина (ЕПА) преку докозапентаеноинската киселина (ДПА) како посредник.
Кај организми како микроалги, мов и габи, биосинтезата на ДХК се случува со серија реакции на заситување и издолжување, катализирани со низно дејство на ензими. Потенцијални здравствени ефекти
Кардиоваскуларни Иако се вршени со методолошки недоследности, има убедливи докази од анализи и опити вршени врз животни кои ја покажуваат корисноста на омега-3 киселините за кардиоваскуларното здравје. Се тврди дека ДХК е најкорисна затоа што навлегува во миокардот, и поради нејзиното силно антиинфламаторно дејство и нејзиниот метаболизам за невропротектините и резолвините (кои директно придонесуваат за срцевата функција).
Бременост и доење Храната богата со омега-3 масни киселини може да им се препорача на жените кои сакаат да забременат или дојат.
Функции на мозокот и очите Како главна структурна компонента на централниот нервен систем на цицачите, ДХК е најзастапена омега-3 масна киселина во мозокот и мрежницата. Функционирањето на мозокот и мрежницата зависат од внесувањето на ДХК преку исхраната за да поддржат разни својства на клеточната мембрана и клеточната сигнализација, а најмногу за сивата маса и ретиналните фоторецептори мрежницата, кои имаат многу мембрани.
Истражувањата покажаа дека ДХК нема придонесува значајно во подобрувањето на визуелното поле кај лица со ретинитис пигментоза (тунелски вид).
Исхрана мини|ДХК суплементи на база на алги Во 100 г. варен лосос има 500-1500 мг. ДХК и 300-1000 мг. ЕПА. Други видови на морска храна богати со ДХК се кавијарот (3400 мг. на 100 грама), сарделите (1292 мг. во 100 грама), скушата (1195 мг. во 100 грама), и варената харинга (1105 мг. во 100 грама). Мозоците од цицачи исто така се добар директен извор. Говедскиот мозок, на пример, содржи приближно 855 мг. ДХК во 100 грама.
Употреба како додаток на храна ДХК е често користена како додаток во исхраната. На почетокот се користеше првенствено како исхрана за доенчиња.
Одредени ДХК производи се вегетаријански - извлечени од алги и на пазарот се продаваат како алтернатива за рибиното масло кое содржи ДХК и други омега-3 киселини (како ЕПА). И рибиното масло и ДХК се без мирис и без вкус откако ќе се преработат како додаток во храната.
Студии за вегетаријанци и вегани Вегетаријанската храна обично содржи ограничени количини на ДХК, а пак веганската обично не содржи ДХК. Додатоците базирани на алги го зголемуваат нивото на ДХК.
ДХК и ЕПА во рибино масло Рибиното масло се продава во капсули кои содржат мешавина од омега-3 масни киселини, вклучувајќи ги ЕПА и ДХК. Оксидираното рибино масло во капсули може да содржи пониски нивоа на ЕПА и ДХК. Светлината, изложеноста на кислород и топлината придонесуваат за оксидација на суплементите од рибино масло. Со купувањето на квалитетен производ што се чувал на ладно на место, а потоа со негово чување во фрижидер се минимизира оксидацијата.
Хипотетичка улога во еволуцијата на човекот Изобилството на ДХК во морската храна се претпоставува дека помогнало во развојот на големиот мозок, но други истражувачи тврдат дека и копнената храна исто така може да ја обезбеди потребната ДХК.
Наводи
Категорија:Масни киселини Категорија:Органски киселини Категорија:Липиди Категорија:Алкенски киселини