Тодорова Полјана или месност Тодорово () — планинско седло и превој во Пиринска Македонија, меѓу Северен Пирин на север и Среден Пирин на југ. Сместен е на териториите на Општина Неврокоп и Општина Свети Врач.

Седлото се наоѓа на надморска висина од 1.827 м и ги поврзува долините на реките Места на исток и Пиринска Бистрица (лева притока на Струма) на запад. Се наоѓа југоисточно од врвовите Бојков Врв (2.343 м, на о. 2 км на северозапад) и Падалото (2.044 м, на о. 1 км на северозапад). Низ неа во правец исток-запад поминува камионски пат од с. Корница за планинарските домови „Малина“ и „Пирин“.

Во подрачјето на превојот се наоѓа месноста Тодорово, која претставува широка полјана со чешма и место за одмор. Низ седлото минува и планинарска патека обележана со црвено, која оди од планинарскиот дом „Пирин“ на север до планинарскиот дом „Попови Ливади“ на југ.

Поврзано Бојков Врв Попови Ливади

Наводи

Надворешни врски Лист од карта K-34-96. Размер: 1:100 000

Категорија:Планински превои во Пиринска Македонија Категорија:Пирин Категорија:Општина Неврокоп Категорија:Општина Свети Врач