Иван Каровски (р. во Скопје) - македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис Иван Каровски е роден во 1971 година во Скопје, каде што завршил основно и средно образование. Во 1990 година се запишал на Факултетот за драмска уметност. Отсек за драмски глумци. Се вработува во Театар Колозов, театар на Ѓорѓи Колозов и Шенка Колозова.

Во 1997 година се вработил во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје, како помлад асистент-истражувач. Во 2007 година е избран во звањето асистент истражувач. Денес работи како виш стручен соработник.

Филмографија Каровски ги остварил филмските улоги: Година Филм Улога 1991 Македонија може ТВ-филм 1992-1995 Македонски народни приказни ТВ-серија 1993-1994 Еурека ТВ-серија Хорист 1 1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм 1994 Прекалени ТВ-серија Суртук 1995 Во светот на бајките ТВ-серија 1995 Бус за дус ТВ-серија 1996 Батко Гого нема Пари ТВ-филм 1996-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија

Наводи

Категорија:Родени во 1971 година Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје