Зграда на Рускиот конзулат — архитектонска знаменитост во градот Битола. Се наоѓа на улица Климент Охридски бр. 37 и Пеце Матичевски бр. 31 и е прогласена за споменик на културата.

Историја Зградата е изградена во 1905 година за Рускиот конзулат во градот. Во 1915 година конзулатот бил затворен.

Архитектура Зградата е една од најтипичните за архитектурата на почетокот на дваесеттиот век. Има јасни влијанија на неоренесансната и неокласичната архитектура во поделбата на фасадата, распоредот на отворите, украсите и односот на модулите вертикално и хоризонтално.

Наводи

Категорија:Култура на Битола Категорија:Историја на Битола Категорија:Знаменитости во Битола Категорија:Згради и градби во Битола Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Битола