Градиште I — градиште од доцноантичкото време. На 2 километри северно од селското училиште, на врвот на ридот се гледаат темели од бедемот кој оградувал простор од 250 × 200 метри. Бедемот е ѕидан од камен и варов малтер. Во внатрешноста на градиштето се среќаваат многу фрагменти од питоси и покривни ќерамиди.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бабини Колиби (Чаплаковски Колиби) — населба од доцноантичкото време и старохристијанска црква; Градиште II — градиште од доцноантичкото време; Рабуш — населба од доцноантичкото време; и Црква — старохристијанска црква.

Наводи

Категорија:Двориште (Беровско)