Момчештво (руски: Отрочество) — втор роман од псевдо-автобиографската трилогија од Лав Толстој, за прв пат објавена во 1854 г во списанието „Современик“. Во книгата се опишуваат настаните што му се случуваат на едно момче за време на младоста: првото разочарување, промена на моралните вредности итн.

Во подоцнежниот живот, Толстој истакнал дека не е задоволен со книгата.

Ликови Николенка Иртењев - главниот лик, тој е нараторот. Влодја - брат на Николенка Љубочка - сестра на Николенка. Соњечка - симпатијата на Николенка Сент Жером - старател на Николенка и Влодја. Таткото на Николенка, Љубочка и Влодја Карл Иванович - учител на Николенка и Влодја. Маша - слугинка

Сиже Во романот се опишува младоста на едно обично руско момче од 19 век „Николенка“ како што нагалено го викаат. Се раскажува за неговата преселба во Москва, како бил привлечен кон книгите и филозофијата, а на крајот и за неговото семејство. Читателот ќе воочи бавна промена на системот на вредности на главниот лик, неговиот карактер, како и продолжение на приказната од првиот дел од трилогијата.

Наводи

Категорија:Книжевноста во 1854 година Категорија:Руски романи Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Дела од 1854 година Категорија:Автобиографии