Рудиште (познато и како Раковец) — доцноантичка и средновековна рударска населба. На околу 3 километри источно од градот Пехчево, во подножјето на Буковиќ, на една пространа ледина на потокот Раковец се зачувани остатоци од темели на објекти, многу градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и питоси. На долниот крај на наоѓалиштето има и темели од старохристијанска црква. Во овој простор се откриени десетина рударски јами и доста згура од топено железо. Било најдено депо на железни рударски алатки и еден епиграфски споменик кој исчезнал во времето на Втората светска војна.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Буковиќ — населба од доцноантичко време; Во Реката — рудник од доцноантичко време; Градиште (или Манастириште) — градиште од доцноантичко време; Манастир — старохристијанска црква; и Селиште — населба од доцноантичко време.
Наводи
Категорија:Пехчево