Мост на Лепенец II — археолошко наоѓалиште кај скопскоата населба Влае, Општина Карпош. Претставува осамен наод од римско време.

На околу 500 м западно од мостот на Лепенец, во 1954 г., при вадењето на песок е откриена стела со релјеф и латински натпис, посветена на еден ветеран од V македонска легија, со димензии од 195 × 59 ± 24 см. Плочата се чува во лапидариумот на Музејот на Македонија во Скопје.

Поврзано Мост на Лепенец I — осамен наод од римско време Улица 1462 — осамен наод од римско време

Наводи