мини|Фердинанд Боберг (1903) мини|Сондрумсурнан во Халмштад Густаф Фердинанд Боберг (11 април 1860 - 7 мај 1946) бил шведски архитект.

Биографија Боберг е роден во Фалун. Тој станал еден од најпродуктивните и најистакнатите архитекти на Стокхолм околу крајот на 20 век.Ferdinand Boberg - Architect mit.edu. Retrieved: December 1, 2013. Меѓу неговите најпознати дела е електрична фабрика во Бјорнс Тродгард во Стокхолм, инспирирана од блискоисточната архитектура. Зградата била преобразена во доцните деведесетти години и сега е Стокхолмска џамија. Тој, исто така, ја дизајнирал „ Нордиска компанија“, најистакната стоковна куќа во Стокхолм и Розенбад, во која денес се наоѓа и канцеларијата на шведската влада.Ferdinand Boberg answers.com. Retrieved: December 1, 2013.

По пензионирањето како архитект во 1915 година, Боберг и неговата сопруга Ана патувале низ Шведска со цел да го зачуваат културното наследство преку книга со цртежи. Направени се над 3.000 скици и околу 1.000 цртежи се објавени во „Шведски слики“.

Боберг починал во Стокхолм, на возраст од 86 години.

Познати дела (По хронолошки редослед)

Наводи

Категорија:Шведски архитекти Категорија:Починати во 1946 година Категорија:Родени во 1860 година Категорија:Членови на Кралската шведска академија на ликовните уметности Категорија:Луѓе од Фалун