Мачевски Чуки — могили од римското време. Помеѓу селата Мачево и Смојмирово, од десната страна на селскиот пат и на околу 1 километар јужно од селото, пред мостот на Умленска Река се наоѓаат две могили. Првата могила е голема, со пречник во основата од околу 50 метри и височина од 5-6 метри и е подигната на мала рамнина. На 25 метри од неа е другата могила со пречник во основата од 18 метри и височина до 2 метри. При трасирањето и изградбата на новиот асфалтен пат могилата е прилично засечена на јужниот крај од каде биле извадени железни предмети и делови од опрема на кола (шини од тркала, спојници и сл.). Наодите не се зачувани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Грамаѓе — населба од доцноантичко време; Ормање — населба од доцноантичко време.
Наводи
Категорија:Робово (Пехчевско)