Огради — археолошко наоѓалиште во скопското село Виниче. Претставува некропола на доцноантичкото време. При обработувањето на земјата, во нивата на еден жител бил откриен доцноантички гроб. Гробот бил конструиран од необработени камени плочи, а во функција на капак била употребена една надгробна плоча со димензии 135 × 100 × 20 см и со латински натпис. Во фронтонот има релјефна претстава на машка и женска биста. Споменикот се наоѓа таму каде што бил најден.

Поврзано Градиште - кастел од доцноантичкото време; Калуѓеров Камен; Виниче; Список на археолошки наоѓалишта во Скопско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи