Карабаир — археолошко наоѓалиште во скопското село Бујковци. Претставува населба од римското време. На просторот што го зафаќа новоизградената рафинерија, поточно на делот каде што се изградени цистерните, се откриени ѕидови градени од камен и варов малтер, фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Со изградбата на рафинеријата наоѓалиштето е целосно уништено.

Литература Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.

Надворешни врски