мини|300п|Топографска карта на Кавказот. мини|300п|Политичка карта на Кавказот. Кавказ — област во Евроазија што на север граничи со Русија, на југоисток со Турција, на запад со Црно Море, на исток со Касписко Море и на југ со Иран. Во Кавказ спаѓа и планинскиот венец Кавказ (Кавкаски Пл.) и околните низини.
Кавказ се граница помеѓу Европа и Азија, а за териториите во тој регион различно се смета дека му припаѓаат на еден или и на двата континента. Највисок врв на Кавказ е Елбрус (5.642 м) кој се смета и за највисок врв во Европа.
Кавказ е еден од лингвистички и културно најразновидните региони во светот. Денешните национални држави на Кавказ се пост-советските држави: Грузија, Ерменија, Азербејџан и делови од Русија. Руските делови се Ставрополски крај, Краснодарски крај а исто така и автономните републики Адигеја, Калмикија, Карачаево-Черкесија, Кабардино-Балкарија, Северна Осетија-Аланија, Ингушетија, Чеченија и Дагестан. Три територии во регионот тврдат дека се независни, но не се меѓународно признати: Абхазија, Нагорно-Карабах и Јужна Осетија.
Кавказ има огромно еколошко значење. На Кавказ има повеќе од 6400 видови растенија од кои 1300 се ендемски во регионот.Ендеми на Кавказ Меѓу кавкаските животни спаѓаат леопардот, кафеавата мечка, волци, европскиот бизон, планински кози и златниот орел. Во кавкаскиот пејзаж преовладува мешана шума и значајни површини од карпеста површина над шумскиот појас.
Поврзано Кавказ (планински венец) Западен Кавказ Закавказје (Јужен Кавказ) Северен Кавказ (Преткавказје)
Наводи
Категорија:Региони во Азија Категорија:Региони во Европа Категорија:Источна Европа Категорија:Западна Азија