Света Недела – главна селска црква во селото Орле.
Местоположба Црквата се наоѓа во западниот дел на селото, на возвишение коешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја Храмот бил изграден во 1860 година, бил обновуван повеќе пати, а од темел бил изграден во нов облик во 2000 година.„Орле “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена мала отворена припрата, а на ѕидот над влезната врата е насликана фреска којашто е во лоша состојба. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја со ниско црвено цокле, а покриен е со кров од ќерамиди.
Внатрешноста на црквата не е зографисана, со исклучок на претставата на Исус Седржителот на сводот, но е богата со бројни икони. Ѕидовите се обоени во бела боја со црвено цокле, а во нивните горни делови се закачени петокраки ѕвезди, што ја симболизира небесната шир. Иконостасот содржи еден ред икони над ѓаконските порти и царските двери. Лево од царските двери се прикажани Света Недела, Архангел Михаил и Богородица со Исус, додека од десната страна се Исус, Архангел Гаврил и Свети Јован Крстител. На иконите во горниот ред се претставени различни библиски мотиви, а на иконата над царските двери е претставена Тајната вечера.
Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна метална конструкција.
Галерија
Поврзано Орле Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Старавинска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Орле Орле