Рождество на Пресвета Богородица – манастирска црква на Новачкиот манастир.
Историја Црквата била изградена во 2006 година.„Новаци “. Мој Роден Крај. Осветувањето на храмот било извршено на 13 јуни 2009 година, на празникот Педесетница, од страна на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент, а на настанот присуствувал и говор одржал македонскиот премиер Никола Груевски.„Осветен нов манастирски храм посветен на Пресвета Богородица во с. Новаци“. МПЦ. 13 јуни 2009.
Архитектура Градбата на црквата е трикорабна и претставува крстокуполен храм со осум куполи. Над средишниот дел од храмот се издигаат една голема и четири помали цилиндрични куполи, а секоја од нив има по осум монофори и е покриена со бакарна плоча. Црквата има и три странични куполи на западната, јужната и северната страна коишто исто така се покриени со бакарни плочи. Влезот се наоѓа на западната страна и над него има ниша со полукружен мозаик на којшто е претстсавена Богородица со Исус. На источната страна на црквата има полукружна апсида. Внатрешноста на црквата е зографисана, а мермерниот иконостас содржи икони само на ѓаконските порти и дрвените царски двери. На дел од мермерниот под во внатрешноста на црквата е насликана Ѕвездата од Кутлеш.
Галерија
Поврзано Новачки манастир Црква „Св. Атанасиј“ - Новаци Новаци Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Новачки манастир Категорија:Новаци Новаци